Еве и јас ја фалам Ја користам барем 3-4 години и сум презадоволна ,не жалам за секој даден денар за нејзе Ме трае 5-6 месеци,секојдневно ја нанесувам Малку ми се подзасуши денес по 4 месеци употреба,ќе ми трае уште месец сигурно Ти ја препорачувам
Супер шок е супер маскара, мене навистина долго ми трае и морам да нагласам дека многу лесно се вади, обично влажно марамче може да заврши работа!
и ова да ве прашам ? Обично не се шминкам за секој ден а маскарата може да ја употребам 4 пати во месецот и сигурно ке трае 1-2 години дали со ваквото користење на маскарата таа може да се исуши за кратко време ???
^^ Без разлика колку често ја користиш, маскарата треба да се менува најмногу на 6 месеци. Јас на 3-4 месеци ја менувам...почнува да мириса специфично и одма знам дека е за во канта
оваа вчера ја купив, ама не сум задоволна некако, малку ги издолжува трепките ама не дава некоја густина, требаше да си ја земам таа на Бенефит - They are real , се зезнав ама ајде др пат
Ги обожавам сите Avon маскари, но во последно време ја користам Oriflame WONDERLASH Mascara и најдобра е
На секој производ, а во случајов на секоја маскара си пишува колку има рок од отварање на производот, кај маскарите е обично 6 месеци, види на амбалажата има слика како кутивче и во него бројка тоа е тоа што ти зборам, рок од отварање. Значи ти ако ја отвориш и почнеш да ја употербуваш и ставиш само еднаш у тие 6 месеци пак ќе ти се расипе, ќе дојде во контакт со воздух и бактерии и толку им е, подолго никако неможе да ти трае маскарата + е деликатен производ сепак на очи го ставаш. Ќе ти се расипе и ќе ти се исуши, нема шански подолго од 6 месеци да ти трае, па дури да речеме дека ок ќе биде нема да се исуши, не е хигиенски да се употребува толку долго, а и бактериите ќе си го направат своето, не дај боже може да ти предизвикаат некаква иритација... Јас не би играла со производ за очи.
Јас ја користам долго таа маскара, искрено ми беше најдобрата маскара што ја имам користено, но последниот пат како ја порачав за многу кратко време ми се исуши (две недели) не знам што и стана, дали таква ми се погоди или ја сменија
Сакав да порачам маскара од Авон, меѓутоа се мислам која. Сакав да прашам дали некој од вас ја има користено оваа маскара, па да ми каже дали е добра...
Многу ми се свиѓаат продуктите на Есенс . Овие маскари се околку 170 денари (поединечно). • Лилјаковата ја имам некое време. Многу сум задоволно , ептен ги издолжува и им дава волумен на трепките . • Коралната ја купив вчера. Денес првпат ја употребив и мислам дека е предобра . Исто дава многу волумен и ги издолжува и ги раздвојува многу убаво трепките. По мое мислење е подобра од лилјаковата. И еве како изгледаат четкичките.
Јас ја купив црната од есенс гет биг лашес и исто така сум многу задоволна. Дава волумен и ги раздвојува убаво трепките и ги издолжува, се во едно. 210 ден. мислам беше
И мене ми се допаѓаат производите на Essence и баш ќе пробам следен пат и од нивните маскари, се повеќе сфаќам дека цената не значи и квалитет, јас земав од по 300-400 денари маскара стално, а сега гледам дека има многу убави маскари со попристапна цена.
Имаат различни видови на маскари дури и waterproof и имаат сега една најнова за 290 денари што сама се ротира ама јас не би ја купила. Пробај ја оваа коралната мислам ќе ти се допадне
Која цена е оваа? Stejsii, каква е таа ротирачка маскара, сакаш да кажеш дека при нанесување четката сама се врти?