Дефинитивно маскарите од Голден роуз ми се покажале како најдобри. A од оваа ептен сум незадоволна, џабе лупнав 350 коа воопшто не сум фасцинирана.Еднаш рокет, поише никогаш.
Незнам баш колку време ја користам маскарава, но многу сум задоволна. Доста ги издолжува трепките, не се ни познава толку дека имате ставано маскара, а плус и водоотпорна е. Ви ја препорачувам.
Аааа интересно, а и не е скапа во споредба со другите. А јас и онака немам навика да ја вртам четката кога нанесувам маскара.
Исто и јас, очекував мноооогу повеќе!!! Ама утеха ми е што ко за Мејбилин маскара, лесно се вади (барем нешто )
Stejsii, каква е таа ротирачка маскара, сакаш да кажеш дека при нанесување четката сама се врти?[/quote] Да да сама се врти . 295 денари е [/quote] Аааа интересно, а и не е скапа во споредба со другите. А јас и онака немам навика да ја вртам четката кога нанесувам маскара. [/quote] Aко планираш да ја пробуваш пиши мислење обавезно
Јас ја земав оваа маскара денес, уште ја немам пробано ама се надевам добра е. Таа black carbonate ја немаше, a се мислев помеѓу оваа и million lashes. Досега најзадоволна сум од на Бенефит ама сега скапа ми беше , а и на Лореал не е баш евтина, 17 евра ја земав Miss manga имаше попуст, 10 евра чинеше ама четката не ми се допадна некако.
Првата од Голден Роуз абе мислиш вештачки имаме стаено. Ја користев кога бев средношколка ни самата незнам зошто ја сменив. Сега ми е супер.Квалитет за малце пари.
Да да сама се врти . 295 денари е [/quote] Аааа интересно, а и не е скапа во споредба со другите. А јас и онака немам навика да ја вртам четката кога нанесувам маскара. [/quote] Aко планираш да ја пробуваш пиши мислење обавезно [/quote] Ајде со здр. да си ја користиш, нека одмори малку раката де Од каде ја купи??
Koritsaki чекам да кажеш мислење за маскарава, сакам и јас да си ја земам. Се двоумам помеѓу Макс Фактор 2000 calorie и оваа на Лореал.
Важи,баш утре ќе ставам од неа , па ќе ти кажам, јас од макс фактор мислам дека оваа ти што ја пиша ја имам користено но четката не беше пластична и воопшто убави трепките не ми ги правеше , јас ги обожавам маскарите со пластични четки најубави ми ги прават трепките Сега ќе видам и оваа каква е , како што гледам по нет убави трепките ги прави
КалаВ, еве и јас да ти помогнам околу дилемата (барем ќе се обидам, врз основа на моето искуство) Прво да кажам збор-два за Макс Фактор 2000 Калории (која и моментално ја користам). Значи маскарава порано ја користев континуирано, со години. Тогаш ми беше совршена, најубава маскара што ја имам пробано, даваше и волумен и неверојатна должина. Меѓутоа, сега маскарава е со нова формула и е во нова амбалажа, не е иста како порано. И сега цената и' е околу 400 денари, а порано беше една од поскапите, чинеше над 800 денари. Новава Макс Фактор дефинитивно не е тоа што беше. Јас барем од толку користење на маскарава знам каква беше и колку беше добра, а сега откако е сменета е најобична маскара без некаков си wow ефект, каков што би дал на пример Лореал маскара. Мислам, кај мене делува супер и вака зошто природно имам долги и густи трепки, ама не е тоа што беше. Јас би земала Лореал без размислување, досега сите нивни маскари што ги имам пробано ми се покажале одлични, а имам многу пробано, верувај Ниедна маскара од подостапниве брендови не може да се носи со оние на Лореал. Мене лично фаворит ми е Loreal Lash Architect 4D, но која и да ја земеш нема да згрешиш. Блогеркиве многу ја форсираат моментално оваа на Коритсаки, така што и таа е одлична, го имам видено ефектот Едит: Моментално ја имам дома и Лореал Мис Манга, ама чекам да ја дотрошам Макс Факторот, па да ја пробам. Сигурна сум дека е добра како и останатите Лореал маскари, барем ефектот што го гледав на нет беше супер. Ќе пишам впечатоци во темава штом ја пробам
Фала ти многу за одговорот. Јас моментално ја користам на Макс Фактор - оваа. Ама не сум нешто многу импресионирана, па и барам замена. Четчето и е убаво, но некако многу ми е течна, абе лом се правам во очите дури ја нанесувам, па дури потоа ја чистам. За несмасен човек како мене, дефинитивно не е маскарава. Ајде уште малце ќе ја дотрошам, па се префрлам на Лореал.
KalaV - маскарава е многу добра , дефинитивно мене ми одговараат овие пластични четки, многу убаво ги расчешлува трепките , како што можам да забележам , им дава и волумен и ги издолжува истовремено , и ми се допаќа што има ултра црна боја јас ти ја препорачувам да си ја земеш , се надевам ќе ти се допадне и тебе. Инаку која цена се маскарите на Лореал во МК ако може да ми кажете да си знам за др пат
Зависи кои, Коритсаки. Повеќето се околу 800 денари (на пример твојава, Lash Architect 4D итн.), има и од 600-700, а Манга ја земав од Космо на акција за 400 и нешто. Различни цени се, многу маскари има на Лореал
Јас ја зедов денес оваа на L'Oreal -Butterfly -extra black. Иако имам други маскари не можеше срце јуначко да издржи. (идиот сум само пари трошам, после ќе кукам) Иначе ја зедов за 13.5 евра, ама не сум во Македонија моментално. Ќе ја пробам утре, па ќе пишам импресии. Иначе четчето многу малецко излезе, очекував ептен големо да биде.
Јас ја зедов маскарата од Мoda, значи погрда маскара не знам дали имам користено. Премногу е воодотпорна, никако не се бриши, ми ги слепува скроз трепките , плус не ми дава никаков ефект, а четчето е преубаво. Очекував повеќе од оваа маскара, бидејќи ми ја препорача продавачката. Значи не вреди ни 5 денери.
Јас секогаш си ги користам маскарите на Classics. Многу сум задоволна и од двете, имаат пристојна цена а се забележуваат резултати. Розовава се вика LASH Plumper и е дефинитивно многу подобра од сината, извиткува, издолжува и дава волумен. Четката многу ми е добра. Синава ги прави трепките погусти, поцрни и долги. Не ги извиткува така. Мене ми се одлични, во Велес се продаваат за 150 денари.