Да , мало е четчето , ама многу убаво ги прави трепките, барем моите , си викам како досега не сум пробала Лореал маскара Пак за ок цена си ја зела , јас ја земав 17 евра овде во Гр
Еве да пишам и јас импресии! Маскарава е супер! Морам да ја пофалам, задоволна сум. Фала ви на сите за препораките Обично ставам две различни маскари за да добијам подобар ефект, ама со Лореалот нема потреба. Ги издолжува трепките, волумен дава иако не спектакуларен, ама многу убави ги прави трепките. Што се однесува до цената, 13 евра би дала и следен пат (бидејќи и другите маскари се горе-долу таа цена), ама 17 мислам дека сепак е премногу Не знам од каде толкава разлика во цените. Корицаки од Сефора ја зеде? Таму 20 евра беше јас видов. Види следен пат во поголеми маркети од типот на Карфур или некои слични можеби ќе ја најдеш поевтина. На страната на Лореал беше 17 евра.
Вчера вечер ја купив, 290 ден беше и за прв пат денес ставам...Значи сосем солидна е...Има убава четкичка, убава текстура, не ги лепи трепките и ги истакнува...Нема некоја голема разлика со Есенс-от што ја имав претходно, али сосем солидна е, ми одговара дефинитивно... Уште нешто- Имаше уште една маскара исто од Мислин, значи од оваа една серија подобра, за XXL волумен, значи со поголема четкичка, ама таа следен пат ја купувам, беше само 100 ден поскапа...Еве ја-
По подолго време решив да ја сменам Super Shock и ја земав Infinitize од Авон. Не згрешив, многу сум задоволна
Која е подобра маскара според вас Misslyn или некоја од Essence на пример таа I love extreme? До сега ја користев rocket и иако предобри ги прави трепките решив да ја сменам затоа што премногу почнаа да ми паѓааат. (тешко се вади)
Мене Мisslyn ми е подобра од сите оние кои сум имала прилика да ги пробам од Essence затоа што не ми се рони под долните трепки и не „испарува“ по некое време откако ќе ја нанесам. Следен пат ќе ја купам онаа XXL volume или како и да беше таа другата од Мisslyn , засега обичната ми е и повеќе од одлична, чиста 10ка! Поубава ми е и од Рокетот, не ми ги слепува трепките воопшто.
Не би се осудила да штедам маскара за да ја користам 2 години. Ќе ви се иритираат очите. Мислам дека маскара може да се користи еден месец по отварањето, повеќе не. Барем така е со моите нискобуџетни од Голден Роуз. Гледам и 2-3 месеци не било проблем. Класичните од Голден Роуз се закон одново и одново. Не ја менувам веќе, имам пробано многу секогаш се враќам на истата. Овие не чинат. Не сум задоволна. Ги има по парфимерии по пристапна цена која варира од 150-180 ден.
Богами во шок бев кога видов какви убави ми ги направи трепките. Совршено нешто. Нај задоволна сум од ова маскара од авон, мислам долго време нема да користам друга.
Maybeline falsies не ја менувавам за ништо на светот, ништо друго не може да ги извитка моите трепки прави како праз. Порано ја користев и супер шок од Авон,ама многу брзо ми се сушеше а, и не ми ги виткаше како оваа.
Имам прилично долги и густи трепки, но многу прави, па и на надоле се. Секогаш користам виткач зошто носам очила, па ми пречат на стаклата без маскара тек па со маскара, ежи грепкањето Претежно користам поефтини маскари, најскапа ми е мејбилајн Деновиве купив на Кетрин Арли, ваљда вака се пишува, зелено е шишенцето, ќе ставам подоле слика. Ја земав 120 денари од продавничката на Голден на Рекорд што е. Преубави ги прави трепките, со многу волумен, само со еден слој, не се размачкува, не се рони и убаво се мие. Денес прв пат ставив без да ги навиткам со виткач и забележав дека убаво ги крена, а и беа такви додека не ги измив, што не било случај со други маскари, паѓале после половина час. Би ги пробала и другите нивни маскари, се надевам дека се добри како оваа. Те и сликичка: Спојлер
Имам мали прави ретки трепки значи ужас..сум пробала секакви маскари од Мејбилин до Гош до кои ли не но најдобро ми одговарале маскарите Супершок од Авон ги имав фалено и поназад во темата арно ама сакав малку да паузирам од нив и бев си купила од Есенс All eyes on me и беше вистински ужас како да ми се исплакнати трепките.По препорака на продавачката си купив ваква маскара и можам да кажам дека е право откритие!!! уште со првото нанесување трепките се издолжуваат и згуснуваат ефектот е зачудувачки а чини само 100ден топло ја препорачувам за девојките со трепки како моите пријатно ќе се изненадите за 100ден ништо нема да изгубите
Новото откритие: Иако долго време си ја користев Клинк Hihg Lenghts и ми е најдобра маскара што сум ја користила сепак се решив да пробам и нешто друго, по обичај ретко да купам повторно ист производ зошто сакам да купам се. Сепак се одлучив за Диор ShowIconic и пак имам преубави трепки. Издолжува, волумен дава, извиткува и си стои на место се додека не ја извадам. Си земав водоотпорна затоа и отстранувањето е малку потешко, се на се е одлична маскара со гумена четкича (моја омилена). Ќе поставам и слика од мене деновиве.
Со здравје да си ја користиш, маскарите на Диор се прекрасни,јас го имам пробано тестерчето на Dior showversus единствената четка што не е пластична а ми ги направи трепките убави оваа е пластична,и мене ми се омилени маскарите со пластични четки па здравје да начекам попуст би ја пробала и јас
Порано земав евтини ама по некое време почнаа да ми се иритираат очите и баталив. Последна користена Maybelline 100% black, а сега сакам наредна да ја земам Falsies (ама flared). Ако ја најдам де. Рокетот ја подарив, катастрофа ми е.
http://hanesatrading.com/images/userfil ... 0Kapak.jpg Што мислите за маскарите на габрини?! Ја имав портокаловата, но се потроши и зедов сега розова. Јас сум прилично задоволна, а и цената - 100 денари, е ептен прилагодна.
Девојки бев вчера во DM има попуст на маскарите на RIMMEL,кога видов се усреќив,180 ден се,одете додека не ги изеле..