Јас ја користам и ја пофалив поназад. Meне многу ми се допаѓа, поготово четката која супер ми ги одделува трепките и не дозволува да се залепат. Цената е иста како и другите Мејбелајн маскари, 350-400 иако може да се најде и за 300 некогаш. Спојлер
Убедливо за мене не постојат подобри маскари од Лореал.Ја имав Million Lashes и бев презадоволна,овој пат ја земав Telescopic и повторно сум презадоволна! Доколку сакате големи,долги и густи трепки со ефект на вештачки тогаш оваа маскара е дефинитивно правата.Четкичката е многу прецизна за нанесување,не ги слепува трепките што е најважно. Прекрасна !
Ја има ли оваа кај нас? Ми ја донесоа од Германија, од што е преубава ми е жал дури и да ја трошам Совршена ми е во се волумен, издолжување, не шлакање од страна или на капаците како од други маскари, и лесно се ваѓа со сретство за масакари.
Ја има во Космо и Еликсир, ја имам јас ама не сум нешто задоволна, некако ми е многу сува смесата, густа и леплива...
Дали некој ја користи оваа маскара ? Јас имам негативна критика за неа. Не ми се погоди, ич. Дали дека толку многу очекував од неа... Мислам таа ги издолжува трепките ама некако ги дели лошо и им дава некаков вештачки изглед.
Сакам да ја пофалам маскарава. Преубава е. Совршено ги одвојува трепките и ги издолжува, само што не ги извиткува
феминки ќе можете да ми кажете дали е добра тегет маскарата (маскарата во тегет пакување) на maybeline? имам користено неколку ама таа ја немам пробано па сакав да слушнам (прочитам) повеќе мислења..
^Јас пак многу сум задоволна од рокет маскарата на мејбелин. Мене не ми ги слепува трепките туку ми ги прави многу убави ми ги издолжува и ми ги раздвојува, е сега се вади малце потешко но со добро средство за вадење на шминка па и не е толку тешко. Но секој со своето искуство
Јас последно ја купив маскарата на Есенс, која порано изгледаше вака: а сега е во ново, корално пакување: И со двете раце потпишувам дека е една од подобрите маскари кои сум ги користела. За цената нема ни дискусија, зошто е и повеќе од пристапна (175 ден./во локална парфимерија, на попуст ја земав за 160ден.) Соодветно водоотпорна, јас ја отстранувам со гелот кога го мијам лицето, не се рони под очите, дава впечатлица црна боја на трепките и уште милион предности би кажала за маскарава и ниту еден недостаток немам засега да издвојам.
мхм пак поделени мислења сепак фала феминки искрено јас до сега најзадоволна сум од ONE-BY-ONE на maybelline ама многу голем проблем ми беше што многу тешко се бришеше...
Денес истотака , на попуст ја земав Diorshow Iconic Мене ми се допаѓаат многу четките пластични , поубаво ми ги оформуваат трепките , се уште не сум ја пробала ,а мислам дека некоја членка ја имаше маскарава и беше многу задоволна, од Диор доесга не сум имала маскара (оваа е нова маскара на пазарот) , со попуст не ја земав скапо 30% попуст имаше и ја земав 24 евра што не е многу за Диор , Лореал е 19 па така да секако се исплати
многу сум задоволна од маскарава од L'oreal Telescopic Shocking Extension waterproof е и не се ваѓа , стои многу време и многу е јака
Најлоша маскара досега! Ја купив поради тоа што долни трепки скоро и да немам, од четкичката за долните трепки сум задоволна, но таа за горните е ужас! Воопшто не ги раздвојува трепките, се рони, и иако ми беа навиткани со виткач за трепки, ми ги спушти уште толку надоле.