Јас оваа ја користам,новава и задоволна сум,ем дава добар волумен ем не тежи на трепките зашо една претходна што имав..
Коментари за оваа? Сакав да ја земам црвената или црната, али поради топлово мислам подобро ќе биде оваа водоотпорнава. Што мислите?
Тргнав по Есенс I <3 Extreme а завршив со новата на Maybelline-Go Extreme. Задоволна сум од маскарава сега за сега,бидејќи само 1 ден ја носев,ама очекував малку подобар ефект.Како и да е,со извиткани трепки е сон. Ми се допаѓа,се на се.
Јас сум за првата убаво е четчето и па претпоставувам дека е за издолжување и за волумен. Другите некако не ми фаќаат око. А мислам дека и со првата се чешлаат трепките па ќе немаш слепување.
Моментално ја користам оваа од многуте низ несесер, преубави ми ги прави трепките, многу лесно се нанесува, воопшто не прави грутки и не тежи на трепките.Само некако по некое време ми се рони по малце и ми прави црно под очите
Мене црната одлично ми ги правеше трепките, но многу ми се ронеше. Коралната ја немам користено, но бидејќи моментално маскарата која ја користам ми е при крај, решив овој пат да ја пробам неа. Многу ме интересира каква е и се надевам дека нема да биде како црната. Можеби водоотпорната би била поиздржлива, но којзнае ... додека не се решиш да ја купиш, разлистај што пишуваат блогерките за оваа.
Неколку години наназад ја користев маскарата на Miss sporty за волумен-lush millionaire.Многу погодена ми беше. Пред 2 месеци кога ја барав ја немаше тука во Бт и читајќи на форумот,се одлучив за Misslyn XXL. Преубава маскара! Жими трепкиве Една членка ја имаше спомнато и си ја зедов од Шатци,350 ден.(со попуст).Не е баш ефтина ама вреди за парите.И волумен и должина,како вештачки ми ги прави....не се размачкува,и ако размислам,повеќе од 2 месеци ја користам Ви ја препорачувам женски
Ја купив сината од Eсенс-гет биг лашес, водоотпорна, па да споделам впечатоци. Има голема четка со доста густи влакна, дава доста волумен, а не издолжува нешто посебно. Деновиве не беше нешто посебно топло, али ме фати дождот убаво, а не ми се размачка, ниту отцрта. Малце потешко се вади, али барем не се размачкува додека ја вадам. И може да се ставаат повеќе слоја, без да се слепат трепките и притоа не стануваат clumpy. Се' на се, супер водоотпорна маскара за 195 ден., верувам дека летово ќе ми биде must have.
Здраво девојки, ве молам препорачајте ми некоја убава маскара што ќе дава впечаток на погусти и подолги трепки со цена до 300 денари .ви благодарам однапред
Збор два да напишам за маскарава на Ис Сен Лоран: Четкичка по моја мерка, само такви четки им одговараат на трепкиве мои. Издолжува многу за тоа немам збор, не ги лепи терпките и задоволителен волумен дава. Проблемот е во структурата на течноста на маскарата. Ма каква течност, тоа не е течност. Кога прв пат ја отворив имав впечаток дека некој ја отворил претходно затоа што беше многу сува, ама после сфатив дека таква си е. Многу густа структура има, а тоа мене не ми се допаѓа. На почетокот беше ОК, ама веќе по една недела користење и се виде крајот. Многу брзо ми се исуши, почна да се рони многу брзо одкако ќе ја нанесев. Еве ви и сликичка од ефектот, потврдувам дека дава таков ефект, ама не се исплати да се купи затоа што многу брзо се суши. Ни еден месец нема да може да ја користите. Моето искуство е такво. Цена 2020 денари во Космо и Еликсир.
Мене највеке ми се допаѓаат тие на manhattan, ги користам веке подолго време и сум задоволна. Оставаат навистина дробар траг, аи доста луѓе така кога ме срекавале ме прашуваат за маскарата и велат дека е доста впечатлива
Џенски да ве информирам Во новиот каталог на Орифлејм оваа маскара може да ја купите за 130 денари... Иначе маскарата е преубава и претходно сум пишала овде.
Avon supershock Маскарава е добра иако мислам дека малку влакненцата на четкичката би требало да бидат подолги но и вака е во ред. Внатре течноста е доволно густа, не е премногу течна. Еве јас ја користам 1 месец и течноста е ок иако читав дека пребрзо ќе ми се исуши, па ќе видиме. Дава многу добар ефект и не се рони под очите. Никогаш немаше да ми текне да ја купам ако не беше на попуст јас ја зедов 150 денари иначе мислам дека цената и е до 300 ден.
Пред некое време од ДМ ја купив маскарава по препорака на една од продавачките таму (380 ден) луѓе поужасно нешто не сум видела Земав ко демек водоотпорна ама нема ништо од тоа. На трепкиве како вода да ставам, само ги лепи нешто слично на пазарскине маскари, ма и полошо од тоа Сега во план ми е да ја земам маскарава на Севенитин, ја пробав кај една другарка и премногу сум задоволна ми ги згуснува и издолжува трепките, а цената и е иста како оваа на Менхетен