Оваа и рокетот ми се најдобри маскари кои некогаш ги имам користено.Само пофалби за оваа новата на Орифлејм,воопшто не се каам за дадените пари.Маскарава вреди за секој денар!
Ја пробав кај другарка пред некој ден и искрено поубава маскара во животов не сум пробала Gosh Show me volume маскара, не е баш ефтина али не е ни од најскапите околу 400 денари е ама вреди за секој денар! Јас сум воодушевена и деновиве планирам да си ја купам
Предобра! И јас исто сакав да ја пофалам Општо маскарите на орифлејм мене премногу ми се погодуваат, а оваа и 2FX ми се најдобри до сега што ги имам пробано од орифлејм. Четката е многу интересна, има само две тенки страни со влакненца, остатокот е празен буквално. Ако ме сфаќате И плус е водоотпорна , не се рони под очите и преедолго стои. Само малце потешко се симнува. И многу добра понуда имаше, една маскара за 280 ден., две за 210
Баш вчера мајка ми купи една маскара Maybelline New York, жолта. Многу е убава, огромни ми ги прави трепките.
Ја користам веќе месец дена и никако не можам да се навикнам на четчето, лом се правам. Инаку маскарата воопшто не е лоша, иако на почетокот ми беше смесата некако чудна. Трајна е , и трепките ги прави прекрасни , буквално до веѓи. Не остава грутчиња и не ги слепува трепките една со друга, им дава ептен убав изглед, а истовремено и ги подигнува. Лесно се вади. Купена е од фришоп околу 27е.
^На Буржоа имаш маскара за осетливи очи специјална и за луѓе што носат контактни леќи. Незнам која и е цената ама претпоставувам дека е околу 500-600, од прилика таа цена им се движат маскарите. За чувствителни очи добри се и маскарите што се на природна база, од нив имаш на Лавера органската козметика, околу 700 денари се и ги има во Космо, а можно е и по аптеки. Имаш и на марката Алверде кои ги има во ДМ, цената не им ја знам.
за осетливи очи дефинитивно на Буржоа најдобри се потврдувам и тоа не само таа белата за осетливи очи туку мене од ниту една маскара од нив не ми се појавила реакција најдобри се ..а се друго ми ги иритира инаку имам плави и многу - премногу осетливи очи дури ни моливче не ми поднесува окото...
Дали знаете дали сеуште Гош ја имаат оваа маскара, бидејќи е предобра!! Кога ја купував беше нова маскара и некаде околу 300 денари, подоцна одам пак во истата парфимерија ја барам и ми велат дека ја нема веќе таа, и ми дадоа замена, но замената беше ужасна не ставив повеќе од 2 пати ....
Golden Rose 150 ден. од пазар пред тоа купував скапи некои и воопшто не ми се допаѓаа ама ова како за мене направено.
Ви го претставувам откритието на векот: Авон supershock mascara! Не е ни свесна колку е само добра...не се размачкува,ама ич!Со две раце можам да потпишам.Дали е до четката,не знам,ама два слоја и трепките ти се споени со веѓите,најозбилно Многу е добра,за 170 денари,ама вреди и тоа како !
Дефинитивно се согласувам со тебе, многу е добра. Ги имам користено сите маскари на Shoсk и од ниту една не се разочарав! Добро е да се има
Имате ли користено маскара на Meybelline,сакам да си купам но не знам каква од која сте позадоволни? Сакам поиздолжени трепки,но досега не сум користела маскара на Меybelline затоа прашувам
Да, ја имам користено оваа на Мејбилајн, преубава маскара , излегува и лесно барем за мене , ти ја препорачувам да си ја земеш оваа , јас од Рокетот не бев задоволна воопшто и ми ги лепеше трепките и не се вадеше лесно маскарата
Која е најдобра маскара за кратки трепки? Дајте ми предлог, само да не биде од авон и орифлеим. Сум ги користела сите од Maybelline и Golden Rose. И да не се суши брзо ми е важно.