Misslyn intense volume (295 ден.) или пак Misslyn XXL volume (околу 400 ден.) Втората има малку поголема и побујна четка, но ефектот барем според моето искуство е речиси ист. Четката од Мислин интенс е предобра, мислам дека ми стана омилена маскара засекогаш.
Препорачајте ми добра маскара до крај 200 денари. Барам поефтина затоа што не ми се даваат многу пари за маскара,а брзо ми се сушат.
Сивата Есенс мислам дека сега е онаа црвено-коралната. Јас ја имам моментално и задоволна сум како ги прави трепките иако четката на почеток додека да се навикнам ми беше многу чудна, ама сепак ќе кажам дека ефектот е краткотраен, барем на миве трепки. Пред да излезам ми се одлични, волуменозни и црни, а после неколку часа ми се како спласнати. Имаат маскара, ама ужасно изгледаат, како недоисчистени. Пробав да сменам четкичка и маскарата ми стои додека да ја избришам, не ми се губи. Ајде де, најди му логика на ова !? На ист начин ја аплицирам маскарата, навистина не ми е јасно зошто се случува ова, ама сеедно - следен пат би пробала нешто друго.
Оваа ја користам моментално,евтина е 100 и некој денар а и убаво ги прави трепките.Имам долги трепки па и не ми треба многу маскара,ама ставам скоро секоја ден..
оваа е купив пред 2-3 недели mega lenght од wet n wild , водоотпорна е, маскарата е пре пре убава ама што ми се допадна најмногу е четката , ќе си ја чувам и за во други маскари четката е преубава како мало чешле е за трепките , презадоволна сум од маскарава а посебно од четката внатре морам да ја пофалам Спојлер еве со 1 слој и со 3 слоја резултати
истата ја купи денес мајка ми и јас реков да ја пробам зошто имам мака од маскара,ми лутат очите ако има алкохол ама ова тврдам дека нема.Цел ден е на мене и ништо не ми е, а и плус ниту се изрона. Планирав да го ставам четка од друга маскара ама се премислив. Супер е четчето. Спојлер На мама и кажала колешка од работа. Таа ги пробала сите три, ама оваа била најдобра. :up: лајк од мене
Кој ја има користено ова маскара? Нека ми кажи како е задоволен, ја купив денес ама не ми е отворена, дава убав ефект? Дава волумен?
Фина маскара, сосем солидна за парите. Само што мене ми се рони под очите после неколку часа. Во секој случај нема да згрешиш ако ја пробаш