Да, јас. Маскарата е преубава, не се рони по некој час на трепките, ниту пак по месец-два од отварањето како што е случај со некои други. Ги прави трепките погусти, волуменозни и долги, одлична е. Можеби ги откажав пудрите, ама руменилата и маскарите им се непребол! Немаат ниту една лоша маскара, барем од оние 3-4 кои ги имам пробано.
Ееееееееееее супер, баш ти фала на инфо Јас сум импресионирана од маскарата на Gosh - Show me volume - и сакав таа да си ја купам али у последно време во ДМ кога и да отидам штандот на Gosh е крш, скоро и празен е пошто не го дополнуваат и не сакам да ризикувам да купам стара маскара и коа ќе ја отворам да биде сува и парите џабе да ми отидат. Ете ќе ја пробам оваа на Bourjois само да земам плата
Види ја и оваа, со цените се речиси исти како претходната, можеби оваа е малку поскапа, не се сеќавам дали беше 490 или 590. Ама навистина е божествена за волумен, ќе видиш и сама. Јас не би можела да издвојам која ми се допаѓа повеќе од овие две кои ги спомнавме.
Нaскоро требa дa си купaм новa мaскaрa пa се одлучив за Мислин ако ја најдам . Па ме интересира каква е течноста внатре зошто во последно трепките ми се изрезчени па со потечна маскара како стапчиња ми се прават
Не е толку течна како течноста во Essence маскарите на пример, ако си ги користела, да ти доловам. Ниту проближно не е таква. Некако е „постегната“, не знам како да ја објаснам, ама не е течна во никој случај. Не се суши брзо, мојата е купена од април и дури пред крајот на јули почна да се згрутчува и да не личи на тоа што беше, ама и четкичката измиена и средена врши работа за во шугавата од Essence која откако се засуши почна да личи на маскара. Предобра е, мене лично ми е подобра и од оние на Maybelline, a се надевам дека и ти ќе бидеш задоволна.
Трепките ми се кратки и виткани, така да барам некоја маскара на Maybeline ili Essence за издолжување на трепките а може и со волумен и под услов да не е течна и да не се размачкува многу. Ако некоја од вас Феминки има користено ваква ако може да ми ја предложи .
Пробај ја оваа маскара на Maybeline, мене ми се потроши али една од поубавите што сум користела. Дава волумен и доста ги издолжува трепките.
Само што гледав видео на јутуб за маскарава, и ептен ми се свиѓа тоа што го видов! Уште некој денар да соберам, и правец на штандот на Bourjois идам!
Моментално ја користам оваа а не сум некако задоволна од неа ,ми ги лепи трепките и лесно се размачкува ... Како и да е при крај ми е треба да си купувам друга.
Женски каде да ја најдам низ Скопјево оваа маскара Essence mascara stays no matter what 3 ? Ја барав во Шатци, насекаде низ стандовите на Essence ја немааа, дали сте ја виделе некаде?
Здраво женски , пред некој ден ја видов маскарата на гош намалена во космо и ја купив , искрено да ви кажам со оглед на тоа дека имам доста маскари испробано оваа до сега била можам да кажам една од најдобрите, маскарата ја купив онака без многу верба за 215 денари а ефектот беше wooooow многу ми се допаѓа откритие на годината ми е не е многу густа не се рони и трепките ги издолжува и згуснува стварно е прекрасна и лесно се вади, од едно ставање ми ги направи топ трепките а со повторување како вештачки .Дефинитивно од 10/10 оцена. За оваа станува збор
^ Да не случајно знаеш колку е по редовна цена маскарава? И јас сакам одамна да ја пробам, ама ете не дошла на ред да ја земам.
Да пластична е ама секое трепче го раздвојува и дефинира , а можеш и да тркнеш до космо има тестери па пробај ја
Ја купив негде околу 700 денари ама си вреди маскарата. Ги издолжува трепките а и трае, јас насабајле ќе ставам и до попладне трепките ми се исти како во моментот кога сум ставила. А и ја имам подолго време, сигурно 5 месеци и не се суши. Препрепрезадоволна сум
Јас ја користам оваа маскара на Classics и сум презадоволна..Им дава голем волумен на трепките и ги зголемува,до веѓите ми одат