Купив две маскари на Лореал Телескопик и Ексес, на промоција што се и сум стварно разочарана. Кога си ја користев Архитект се колнев во маскарите на Лореал, си помислив дека нема утка иако купувам на слепо без тестер, но можам слободно да кажам дека се испод просек, па на Мислин и Мејбилин ми беа 50х поубави. Сепак некако повеке се сомневам во тоа дека се оргниал инаку во Космо ги зедов, некако не ми верно дека можат да бидат толку лоши.
Мислев конечно да ја купам на Мислин, ама никако да дојде на ред Ја земав оваа на Гош што ја зборите и стварно многу добри ги прави трепките. Со два слоја изгледаат преубаво. Четката е пластична и убаво ги одвојува трепките. Моите не се нешто ептен утепани и мали, онака нормални се, па ми треба барем некоја пристојна маскара за да ги направи да изгледат убаво. На екстра мали трепки не знам каков ефект би се добил. Друг плус е што многу лесно се вади, не треба да се убиете од триење со не знам какви средства за да ја отстраните. Инаку редовна цена во Косно е 353, а моментално е 215. Во Дм ја има на некоја акција со пудра во комплет, па може и таму да видите.
Јас сум многу задоволна од оваа маскара. Многу убаво ми ги витка и издолжува трепките кои инаку ми се кратки, а густи. Четчиката е силиконска, рамномерно се нанесува на трепките, не прави грутки, убава цена боја остава и јас немав искуство со ронење и размачкување. Цената и е одлична вреди да ја пробате.
А со која пудра во Дм оди во акција маскарава и по која цена? Слика некаде има? И до кога е на попуст во Космо?
Не знам до кога се попустите, ама и да не видиш истакнат попуст сепак прашај си. Јас знаев дека е на попуст затоа што прочитав тука, инаку во ГТЦ беше изложена по редовна цена. Најнеорганизирано Космо е тоа, стално се чудат на попусти, па треба да ги препрашуваш и потсетуваш и воопшто не е снабдено, башка едвај ја најдов маскарата, збутана беше помеѓу други брендови. Инаку во ДМ исто не се извадени на „мегдан“ да речам, во несесерче се ставени без никаква реклама и ознака за некаква акција, јас случајно пробуричкав па ги најдов. Не сум користела Гош пудри па одма и го оставив, ама колку што видов оваа пудра беше Не знам дали од истава пудра има варијанти за сува или за мрсна, стварно ич не загледав, најубаво е да си видите сами. Битно беше во туба, а не од тие во стаклено шишенце. Нешто околу 450-500 денари беше сетот.
Луѓе, I'm in love! Не знам што попрво да кажам за маскарава Gosh Show me volume пошто е фантазија... И ги крева трепките до веѓи, и им дава волумен еден тон, и ги раздвојува убаво значи прекрасна е! Ја препорачувам на сите, кој се мисли каква маскара да купува нека ја земе оваа нема да зажали.
Ако не се лажам цената беше 438 денари. Мене лично маскарава ми е топ погодена, ама има разлика и од трепки до трепки. Се надевам дека и на тие што ќе си ја земат ќе им одговара!
Девојки, предлог за маскара за моите природно ретки, едвај видливи и кратки трепки, до 500 денари Не ми треба нешто вау филмски, трепките да ми бидат ко вештачки, туку така убаво издолжени и волумизирани. Фала Досега користев Maybelline Rocket, ама некако ми здосади и почна да ме нервира што после ставањето обавезно ја пронаоѓам околу очите, сакам да речам ми се пресликува, слабо се суши, не сум приметила порано тоа да правеше, или не приметував, не знам
Па пробај ја таа на Гош што ја постираше rainbowec. Mислам, ако навистина дава ваков ефект, навистина е одлична. Голема е сликата, отворете во друг таб. Спојлер Јас би ја купила ако ја начекам на попуст. Исто би ти ја предложила маскарата на Misslyn - XXL volume. Има иста четка со оваа погоре од Gosh, па мислам дека и ефектот би бил речиси ист. Ја имам користено и навистина трепките ги прави преубави. Mоите се природно долги, но многу ми се светли, како на девојчето од сликата во спојлерот и како без трепки сум. Маскарата ми ги прави како на сликата, дури и погусти. Ја купив 395 денари од Шатци.
Еве ви и слики да видите лично мене како ми ги прави трепките маскарава на Гош, се зависи каков ефект сакате да постигнете...
Во Космо или Шатци. Во Шатци имаш кафеава верзија на маскарата за волумен, која патем е одлична. Спојлер Бројчето е 08 и чини 295 денари. Сигурно има и други, но јас оваа ја имам користено, најдостапна ми е.