Не најдов маскарата на Гош, па земав оваа од Catrice Пробав само набрзина, кога ја симнував шминката, не е лоша, поубави ми ги прави треките од мејбелин рокет. Цената е нешто околу 270 ден.
Во тековниот каталог на Орифлејм маскарата Wonder Lash сега е уште подобра и со квалитет и со дизајн.Со години ја користам и многу сум задоволна.Дел е од колекцијата The one и за мене навистина е единствена.Има промотивна понуда по цена од 299 ден. во две бои црна и кафена.
Од маскарата сум прилично задоволна а и не е нешто скапа, супер ги прави трепките дава и волумен и должина .
Убедливо најдобра маскара што ја имам пробано,не ги слепува трепките,не се рони,дава и волумен и должина и убава црна боја,за таа цена поарно амин(за моите кратки трепки)
Пишав и во омилени производи за маскарава на Клиник,па еве го цитирав мислењето и овде.Прекрасна маскара што навистина вреди за секој денар,неверојатна трајност,волумен на трепките,природен изглед.Одлична е! (Јас ја купив 26$ кај нас незнам колку пари е)
Колку е оваа? Сакам стварно добра маскара за волумен, ама без да ги слепува трепките оваа дали ја има во мк? ја немам загледано
Каков е квалитетот на maybelline маскарата и дали дава волумен на трепките? Цената од прилика како се движи?
Зависи која мене на пример воопшто не ми се допадна Рокетот таа сината од погорниот пост , беше многу влажна,не се сушеше и не ми правеше ништо на трепките , само нешо црно оставаше и тоа. Потоа ја имам провано таа жолтата cat eyes , таа повеќе должина ми даваше него ли волумен , ја имам пробсно и smoky eyes е таа највеќе ми се допадна од сите овие
Одлична е, особено за волумен! Јас имам природно долги, но многу светли трепки и без маскара сум како да немам трепки воопшто. Мислинот ми ги црни и потенцира неверојатно добро, волуменот е интензивен и убаво ја разделува секој трепка, а мене лично ми се допаѓа и како ми ги издолжува и витка. Уште да најдам и водоотпорна варијанта и мислам дека би била пресреќна и никогаш повеќе не би сменила маскара. Има ли водоотпорна кај нас? Инаку, малку се разочарав од водоотпорната маскара на Catrice - the giant extreme volume. Mожеби затоа што очекував премногу, стварно не знам, ама мене не ми се погоди. Не се отстранува лесно со средство за вадење шминка од очи, па ја вадам со масло. Не дека ми смета, ама ме нервира тоа што дури и по темелното отстранување јас повторно имам остатоци кога станувам од спиење. Волуменот е ОК, но во никој случај не може да се спореди со оној кој го добивам од Мислин или Лореал маскарите. За виткањето и издолжувањето немам коментар, затоа што природно ми се и долги и виткани. За секојдневен изглед е сосема во ред, се надевам ќе ја потрошам во скоро време за до факултет и онака од зол заман. Следниот пат одам на веќе проверена варијанта (Мислин) и не експериментирам повеќе со трепките.