Многу квалитетна маскара е, затоа и ја пофалив ^^ Трепките до веѓи ми ги крева, и не ги слепува воопшто! 330 ден. јас ја купувам, на различни места различни цени си има. До 400 ден. се движи цената иначе . Па ако сакаш да ти направи НЕШТО на трепките, треба да ставаш по еден слој и да почекаш да се исуши, па пак уште еден, и се така додека не го постигнеш тоа што го сакаш. На тој начин нема да остава "само нешто црно".
Абе фала Богу па знам како се става маскара Таа Рокет не ми одговара ниту ми ги подигнуваше трепките , а по 3 слоја ставав , па не се сушеше брзо и не дај Боже да се фатиш по очи ќе станеш ко панда , другава има поголема четкичка е таа убави ми ги правеше трепките а и се др како што треба , значи до маскарата е
Многу јасно дека знаеш да ставаш, само кажав јас како ставам за да ги кренам трепките Инаку smokey eyes каква боја е? За волумен или должина на трепките е?
http://3.bp.blogspot.com/-TkkwLTFMcSg/U76dkab7GiI/AAAAAAAACyw/l7PNRIlw9sU/s1600/IMG_0688.JPG Супер е маскарата ја зедов за 150 ден. бидејќи имаше понуда ако има шест нарачки од маскарава ти ги даваат тие шест маскари по 150 ден.
Досега не купував маскари многу, пошто си имав омилени од Орифлејм и Римел, ама оваа новата од Авон ме фасцинира, си ја порачав Долги трепки како никогаш што не ми биле, пошто моите се кратки,темна, густа и не ми остава грутчиња
Да не ја имате видено базава од евелин некаде?Уствари, серум е ама можело и како база пред нанесување на маскара да се користи?
Девојки ај препорачајте ми некоја маскара, јас користев од Орифлеим ама сакам да ја сменам. Иначе имам мали и кратки трепки.
Било која од овие 3 маскари да ја земеш нема да утнеш, јас лично ја користам на Gosh маскарата и предобра е, овие другиве не али другарки ги имаат и мнооогу ги фалат.
Мене мојата маскара воопшто не ми прави грутки, ми ги крева трепките, ми ги издолжува дупло и им дава волумен. Ептен ми се погоди не би ја менувала.
Јас имам големи трепки па немам проблем со маскариве, само сакам некоја од поефтините за волумен. Имам користено Мејбелин, Есенс, и најмногу ми се допаѓа на Голден Роуз црвената ама сакам да сменам некоја. Предлог?
Жолтата од Голден Роуз, или онаа најобичната со златно капаче. Мене таа ми е ол тајм фејворит, секогаш си ја имам при рака, само мана е што понекогаш се пресликува под очите и затоа избегнувам да ставам многу на долните трепки, само ги допирам до четката колку да добијам боја, буквално.
Онака Гош акција, 211 денари ја земав, од 350тина. Ок е, добра е не е нешо УАУ, ама врши работа за 200 денари.