Имам како портоколовата. Супер е за тие пари колку што ја земав, повеќе од 230 мислам дека не беше. Трепките ми ги прави многу долги, а и им дава волумен и не се брише лесно и рони. И четката ми се допаѓа, пофалби за маскарава, мислам дека засега ќе продолжам да ја користам.
@kolovoz незнам дали си видела има акција во космо , на клиник и есте лаудер маскари со др подароци , јас ја имам маскарава на Есте и многу сум задоволна ако сакаш можеш и на тестер да си пробаш
Ако не се лажам, важи до крајот на месецот ?! Инаку, срце јуначко не издржа, па морав да го искористам попустот во ДМ до крај. Моменталната маскара ја купив за смешна цена и ми е одлична од секој аспект, ама за 155 денари ја купив црвената all around маскара на Catrice, па да видиме како ќе се покаже. Вака по рецензии, видеа и слики ми излгеда сосема пристојна. Ќе ја отворам кога ќе ја исцедам Miss Sporty.
По онаа жолтата на Мис спорти , мислев дека нема да најдам подобра маскара.Се додека не ја пробав Voluminous million lashes од Loreal по препорака на цимерката.И морам да кажам повеке ми се допадна од Мис спорти, одлична е и таа , ама оваа ПРЕКРАСНА ! Трепките ми се долги и природно ама огромни ми ги прави и четкичката е прекрасна многу убаво ги средува.
Јас ја земав маскарава (есте лаудер) пред некое време, и сум преееезадоволна, преубава е, преубави ми ги прави трепките и долги и густи како лепеза буквално. Немам ниедна замерка според мене е идеална и не би додала одземала ништо
@kolovoz И јас користам маскара на Клиник веќе неколку месеци,поточно Long wearing formula.Баш имам напишано и во омилени продукти и овде дека сум презадоволна од маскарава.Доколку сакаш убаво дефинирани трепки,долги,густи а притоа природни како да немаш маскара за секојдневна употреба,тогаш маскарава ќе ти се допадне.Воопшто не се чувствува тешка на трепките,а трајна е се додека не ја измиеш.Не се рони и нема грутчиња.Многу лесно се мие,само со млака вода да ги протрлаш очите и се вади како ''трошки'',односно не се размачкува,единствена маскара што јас сум ја користела што се измива волку лесно. Ти ја препорачувам,кај нас не знам колку е јас ја имав земено околу 24$ колку што се сеќавам. Lash Power Mascara Long-Wearing Formula
Препорачајте ми некоја маскара во боја за кафени очи? Минатиот пат ме искритикуваа на форумов дека лилјакова маскара на кафени очи не одговара па штом е така кажете која боја освен црна и кафена одговара ја имав земено оваа маскара лилјаковата но не бев воопшто задоволна ја имам неколку месеци и брзо ми се исуши, плус се ронеше и ни волумен ми даде ниту ми ги издолжи трепките и да,да е со пластична четка по можност
@koritsaki јас би ти ја препорачала оваа маскара .. голем љубител сум на маскари и имам испробано многу но оваа некако најмногу ми се погоди , одлично стои на кафени очи (и моите се кафени) , водотпорна е, и убаво ги издолжува трепките и им дава волумен
Според мене Супер шок е далеку подобра. Ексенд екстрим мене воопшто не ми ги издолжи трпките, баш напротив, ми изгледаа кратки и ретки. Супер шок можеш да ја надоградуваш кога ја нанесуваш и дава убав ефект на полни долги треки, додека па другава колку и да се трудев изгледаше само како со еден слој.
Дали некој ја има пробано Pumped Up Colossal од Maybelline? Каква е во споредба со обичната жолта или со Рокетот? Од маскарите на Maybelline засега сум најзадоволна од Рокетот, па ако не е ништо посебно да си се вратам на таа. Спојлер: Pumped Up Colossal Исто и дали некој ја има пробано Go Extreme Colossal Leather Black? И оваа е нова.
Маскарава од Авон, Мега лаш, една од најскапите и најрекламираните им е, а не е ништо посебно. Среќа ја купив на попуст, па не ги жалам парите. И претешка е за вадење, цела кожа околу очите ми се црнее, одвај се чистам.
Јас ја користам околу недела дена и искрено не сум задоволна. Мене маскарите на Maybelline до сега не ми се погодија, а имам пробано неколку. Оваа е можеби и најлошата. Ги лепи трепките и не ги разделува убаво. Јас не сакам да ми се како на купчиња а немам навика после на пример да ги расчешлам, ама и зошто би го правела тоа кога маскарата треба тоа да го прави. Не ги држи долго време трепките нагоре, јас имам прилично спуштени трепки, освен не ги навиткам пак после нанесување на маскарава. Колку повеќе слоја толку полошо изгледа. Добрата страна е што не остава траги, нема црнила под очи, а и лесно се вади. Искрено мене маскарите на Голден Роуз, на Класик и на Кетрин Арли ми се одлични. Џабе секогаш пробувам нешто поскапо кога ист или подобар ефект добивам со поефтино.