Совет за маскара до 200 -250 ден, инаку не барам премногу од маскарата т.е да е само црна црна како најцрна ноќ.
Не знам која и е цената, ама поцрна од оваа немам користено! И доста ги издолжува трепките. Менхетн во сребрено пакување. https://dy6g3i6a1660s.cloudfront.net/Usw86QioKWalba0SLG2-hQCBAaE/bb_p.jpg Инаку омилена ми е Essence I love extreme, трепките ми ги прави уау и не морам дополнително да ги виткам. http://im9.cz/iR/importprodukt-orig/5b4/5b4f262e04fd1ae718e1247d18f463e3--mmf250x250.jpg
Јас сум доста задоволна од маскарата за волумен на Авон COLOR TREND (таа со плава амбалажа) . Претходно ја користев и на римел една околу 200 ден беше, па и таа не беше лоша (мислам дека беше за издолжување-оваа на сликата)
Дали на некој му се случило оваа маскара ептен да се згусне? Ја чувам убаво затворена,но не знам зошто сега четкичката е лом направена,излепена ,како згужвана,внатре некако густа е течноста.Некако многу ги слепува трепките и не изгледа воопшто природно.Во почетокот бев задоволна,да речам,но сега не,не планирам пак да ја купам. И ако може некој да ми препорача некоја поевтина,не ми се даваат многу пари бидејќи не ја користам баш за секој ден.
@Anabelle.Amorette јас ја користев пред некоја година и истото ми се случуваше секој пат, згуснуваше, а ја немав ни до пола потрошено. Читав капки за очи се ставеле, па пробај, мислам дека нема штета од тоа.
Имам пробувано да ставам капки за очи,знам за тоа,но по некое време повторно се згуснува маскарата.Ќе треба да ја сменам дефинитивно,читам многу феминки не се задоволни,а исто мислење и од другарки имам чуено,но сакав да и дадам шанса на маскарата.
Јас се откажав од оваа маскара на Голден Роуз пред неколку години. Ми се згрутчуваше по една до две недели, од непознати причини. Убаво ја затварав, никогаш не се случи маскарата да биде отворена пред да ја купам и пак се згуснуваше и не личеше на ништо. А не постоеше до тогаш маскара која ми ги правеше трепките поубави. Засега сум задоволна од 2000 calorie на МФ, ама и таа не ми е баш по вкус. Повеќе ми се допаѓаше постарото издание од истата маскара. Кај и да е ќе отворам една од Catrice што ја купив случајно и непланирано, па да видам дали можеби таа ќе ми се допадне.
Која поточно? Јас ја имам користено оваа: Повеќе е за издолжување на трепките, јас бев задоволна од тоа како ми ги издолжува. Четкичката е многу убава и не ги лепи трепките, баш ги дефинира и пристоен волумен им дава.
Баш сега ја отворив да ја видам каква е и супер си е, а купена е пред некои 3, 4 месеци. Сестра ми ја користи речиси секој ден и не и ги слепува трепките ама и она е ептен внимателна при нанесување и многу внимание им посветува на трепките кога нанесува маскара, секоја трепка мора да е раздвоена .
Да, баш таа или оваа Спојлер: maskara Само Менхетен немам користено, а акцијата во Космо ми звучи примамливо за трошење пари.
Вторава значи е повеќе за волуменизирање, како што видов на амбалажата. Не сум ја користела оваа, јас секогаш користам маскари за издолжување на трепките.
Да, втората е за волумен, јас ја имам користено уште одамна и многу бев задоволна. Секоја трепка буквално ја разделува, ем дава волумен, а и издолжува. Се сеќавам дека сите ме прашуваа што маскара користам Јас и природно имам големи трепки, па маскарава ми даваше неверојатен ефект. Добро што се потсетив на неа, треба пак да си ја земам. Мене ми беше одлична
Спојлер @QweenSM ти благодарам што ме просветли со маскарава. Баш гледав низ темава за конечно да најдам некоја добра и квалитетна. Значи оваа е ко скроена за моите трепки.