Од маскарите на Лореал оваа ја имам користено само. Ја начекав на попуст дур бев во странство и тоа во продавница за облека на касата.Имаше некоја промоција на маскарава и си ја земав да ја пробам и ми се погоди супер.Трепките ги издолжуваше,ги правеше густи и не оставаше грутки.Само не ми се допаѓаше тоа,иако не е водоотпорна,мн тешко се бришеше. И затоа ја заменив со Макс Фактор,од кои сум мн задоволна исто така,во секој поглед.(Masterpiece transform и Wild mega).Најизменично ги користам и двете и не би ги менувала за сега за др некои.
Исто така, не знам дали сум ја пофалила претходно, ама оваа на Боржуа ми се допаѓа многу. Имам две-три други од Боржуа пробано и не бев фасцинирана, ама оваа е совршена за мене, заедно со телескопикот ми се во топ 2. Инаку да, телескопикот не дава многу волумен, ама јас ги сакам тие што повеќе издолжуваат.
Да се самоцитирам, првава маскара ја нема во Македонија. Има една слична корално розова, па не знам дали сум ја помешала со таа или сум ја видела во Америка, но тука се` уште ја нема Ја земав обичната Go Extreme Colossal и сум презадоволна. Прочитав што пишала Марама за Go Extreme Colossal Leather Black и подобро што не ја зедов таа, макар што малку ме чуди, наводно се истата формула само што вторава е екстремно црна. Како и да е, одлична е за издолжување и за волумен, и тоа повеќе за првото отколку за второто, иако волумен и стои во името. Ако сакате повеќе волумен ја препорачувам Рокетот, ако сакате повеќе должина ова е маскарата
Зошто им го ставаат она "volume", па и extreme, кога повеќе од очигледно е дека некои маскари немаат ниту „в“ од тоа волумен ?! Најверојатно уште еден маркетиншки трик, на кој секоја жена би наседнала. Поготово ако е напатена по таква маскара, како мене. Ништо значи и од таа маскара, ќе си барам друга.
Моментално ја имам Рокетот, трепките ми ги прави екстра, ама многу се пресликува, речиси секогаш кога се “проверувам“ пред огледалце имам под веѓите од неа. Истото ми се случува и со долните трепки. Претходно сум ги користела Колосалот и црвената уан бај уан ама чинам не беше до толку пресликувањето, не се сеќавам веќе. Дали и кај вас е тоа случај или нешто не е во ред со маскарата? Се мислам следно која да ја земам, навистина не знам.
Се заебав в крај. Не дека беше скапа, ама ќе додадев уште толку пари и ќе си земев асолна од Maybelline. Имам и долги и густи трепки, затоа барав некоја полесна маскара за преку ден, колку да не сум без ич да се рече. Ама ај шо нема никаков ефект туку е и течна и се размачкува. Катастрофа, еднаш се зафркнав уште еднаш не.
Сите од Мејбелин се пресликуваат на капакот.Рокетот е добра за волумен, ама должина многу не дава.И многу тешко се вади бе луѓе, минимум по две-три трепки ми испаѓаат додека да ја избришам. Убави ми ги прави трепките, ама вадењето ми е смрт.
Рокетот наjдобро се вади со маслен отстранувач или наjeдноставно - со масло, бадемово, чичково, какво ми се нашло под рака такво. Не ми се случи да ми падне ниту една трепка. Јас повеќе не купувам нивни маскари, се преценија и не вредат за 400 денари, Боже мој, па претераа. Пред неколку години редовно си ја купував жолтата 100% блек за околу 250-60 ден. Сега нема шанси да се најдат по таа цена ниту во најевтина локална парфимерија. Менхетн имаат солидни и поевтини маскари, па следна можеби би одбрала од нивните.
Ја вадам со кокосово масло , тоа од тегла природното ,ама тешка работа.А, можеби па и јас многу тријам па затоа, до фатката ќе да е.
А имa ли некoјa мaскaрa штo е нaменетa зa тие штo нoсaт леќи , aмa oд. Лoреaл или пa aкo немa oд билo кoјa др фирмa?
Е да и јас сум ЗА за маскарата од орифлејм, не за џабе е 650 ден.А и сега имаше новогодишни попусти за нова година и ја начекав намалаена на 250 ден богами се исплаќа за тој што си искористил
Јас веќе одамна не им верувам на имињата на козметичките производи. Сите во нив имаат new, improved, big, better итн. Посебно за маскари, мислам дека сите на Maybelline имаат volume во името. За скоро сите козметички производи што планирам да ги купам читам рецензии, можеби импулсивно ќе купам кармин или сенка ако има тестер, но маскара, дури и да ги има покажано четките (што ништо не ми менува) никогаш. Со Рокетот јас лично сум немала мака, ниту ми се пресликувала, ниту сум имала проблеми со вадење. Ја вадев со влажни марамчиња или со отстранувач за шминка и не ми се случило да ми паднат трепки. Зборувам за обичната Рокет, не за водоотпорната. Сепак, знам дека е поагресивна маскара, многумина се жалат на овие работи, веројатно секој различно реагира на неа.
@danichap , мислам дека се работеше за оваа маскара. Мене ми е одлична, ама со оглед на цената кај нас - прескапа за да ја купувам редовно. Еве на пример на оваа пишува дека издолжува, а мене ми ги правеше навистина убави и волуменозни трепките. Не знам што повеќе да искоментирам, се согласувам со Оксиморон.
@danichap ако е за оваа што ја постираше Мишела јас трошам веќе 4то паковање. Нема подобра за моите трепки! Имам постирано и слика со ефект пред и потоа негде поназад на темава. Изфолжува многу, јас имам кратки трепки со оваа ми се ептен издолжени, поткренати, извиткани. Дава и волумен, ама мене и онака ми се густи па не приметувам многу. Четкичката убаво ги опфаќа сите трепки со еден потег (кај мене), преубаво расчешлува и нема шанси да ти се залепат трепките или да се направат грутчиња. Ефектот е долготраен, цел ден ми се исти трепките одкако ќе нанесам. Многу лесно се вади, јас ја вадам само со топла вода, два три пати поминувам со прстите и се отстранува, а притоа не се растекува и нема да личиш на панда. Потоа си поминувам само со масло за да ги отстранам остатоците и тоа е тоа. Од сите маскари до сега што сум ги користела оваа дефинитивно најлесно се вади, тоа и е уште еден голем плус кај мене.
Не ми се смеете, ама имам упла од тоа што го користите за виткање на трепките. До сега го немам користено, но знаете како го замислувам? Е вака. Иначе, шала на страна, моментално ја користам маскарата на Гордани од Орифлејм и сум презадоволна.