Сменив 2-3 маскари ама ептен ми се размачкуваа и мн се нервирав личев на истепана околу очите цела бев црна. Па ја земав оваа маскара околу 115 денари мислам беше на попуст во ДМ,иако некогаш се размачкува сепак можам да кажам дека подобра од другите римели од Малена што ги имав,а ја купив за приближно слична цена.И трепките ми ги прави за нијанса поголеми и погусти.
Ја земав и преубава е маскарата. Една од ретки маскари што не ги слепува трепките туку ги двои како лепеза и дава волумен и издолжува. (Лесно се мие)
@slavica999, ми се чини имаше пишано ти дека маскарава на Менхетен е на акција во Космо Важи ли уште акцијата и колку е сега маскарава Volcano? Сакам пак да си ја земам
Јас на 31,12 ја земав со космо картичка за 360ден и девојката ми кажа као важела акцијата до 31,12,а на 05,01 кога бев пак во Космо го видов натписот дека сеуште стои, така да провери си сепак (ова зборам за Ку-во).
Ја има ли користено некој маскарава од Essence и која цена е? Ептен ми е слатко пакувањето, а и колку што видов на сликиве по нет трепките преубави ги прави!
Ја купив маскарата од минатиот каталог на Авон за некои 150ден. мислам,и очекував дека ќе биде нешто шкарт ама напротив, се покажа како доста добра и за тие пари добив многу повеќе од очекуваното ^^ Ги издолжува и подига трепките, не ги слепува, што ми беше и најважно. Мислам дека ќе ја користам подолго време
Има слична цена како и останатите нивни маскари, не ми текнува иако пред некој ден баш погледнав. И јас се мислам дали да ја земам, ми се допаѓа ефектот кој го гледам на сликите и видеата од рецензиите, ама се плашам да не се пресликува и рони.
Имам читано по нет дека е многу добра , поготово четката е пластична мене тоа многу ми се допаѓа мислам дека ја видов околу 255 денари во дм
Јас да ви кажам, ми се засвиѓаа на Голден Рос оние во боја маскари и ги користев жолтата и зелената и ми беа океј , ми се свиѓа како ми изгледаа трепките и сега ја купив розевата за згуснување и расчешлување не знам како да објаснам али ме сфаќате сите и многу ми се свиѓа. предобра е. Иначе 120 денари ја купив од ГР.
Па ако не е скапа вреди да се проба, ем ги извиткува ем волумен им дава - бар така делува на сликите што ги гледам.
Гледав многу ривјус на јутуб(претежно од германски блогерки) и не ми се допадна ефектот кој го даваше.Мислам добар е, ама не е нешто уау да кажеш, не дава многу волумен.Есенс имаат многу подобри маскари од оваа, единствен плус од мене и е што пакувањето е слатко.
Морав, ама морав да ја искритикувам маскарава. Не знам кој ѓавол ме натера да ја купам и да ја сменам мојата секојдневна маскара (Гош), можеби цената од 200 ден., но ужасна е без разлика колку пари е. Не дава ни волумен иако има и Extra и Super како дел од името на оваа маскара, нели повторно од нивните трикови. Ај што не дава волумен, најмногу ме нервира што ни мааааалку не ми ги витка а и откако ќе ја нанесам нема многу разлика пред и потоа. Дефинитивно ќе ја купам старата или ќе барам некоја поскапа - што и тоа не е мерило.
Јас последниов месец ја користам оваа маскара на Bourjois. Четката со вртење се трансформира во подолга,која ги издолжува трепките и покуса,која дава волумен. Многу сум задоволна,не се рони и сега за сега воопшто не е згусната.Инаку ја купив од Cosmo на попуст беше околу 350 мислам.
Ја користам веќе две и пол недели и е супер. Ги издолжува дури и премногу некогаш кога ќе ставам повеќе.И трепките добиваат многу добар волумен. Топло ја препрачувам посебно на оние што ИМААТ РЕТКИ ТРЕПКИ,им дава густина. За мене е супер. Ја има скоро секаде кај нас е 250 ден.
Најефтина што сум нашла е Essence,само неможам да се сетам на цената дали беше 165 или 185,така некако,а има/имаше исто и од Flormar некаде 200-250 ден
Еве и јaс дa пишaм зa мaскaрaвa нa Буржуa. Ми се дoпaднa четкичкaтa иaкo не е плaстичнa убaвo ги рaзделувa трепките a спoред мене им дaде и вoлумен. Јa земaв бидејќи пишувa нa неa зa oсетливи oчи a нaреднaвa неделa бaш ќе пoчнaм дa нoсaм и леќи. Се нa се дoбрa е.Ценa 500 ден