Порано и бев верна на Мејбилин Колосал жолтата, сега веќе долго време ја купувам жолтата на Голден Роуз и топ ми е. Трепките ко лепези
Со години наназад ја користам Gosh Show me volume Carbon Black Ниедна не ми се погодила како оваа, и верна и останав. Се залетав лани во ДМ, имаше попуст на Rimmel Scandal Eyes маскарите, и зедов една да пробам. Ич не сум задоволна. Порано редовно ја користев и Maybelline Volum' Express, ама откако ја открив гореспомнатата на Гош, ретко се залажувам да купам друга. Има пристапна цена, солидна четкичка и лесно се вади, а не се пресликува. А ги имам пробано маскарите на Макс Фактор, Л'Ореал, Буржоа, Римел... од ниедна не бев вака задоволна.
јас ја користам оваа маскара ми ги раделува трпките и ми ги прави подолги не сакам да се приметува дека имам ставено маскара и затоа оваа ми е одлична
Значи, маскара користам од којзнае кога и веќе ми е смачено од тоа да цело време купувам од нова фирма. Да ви кажам право, ептен сум напиздена од сите можни маскари, која ја немам веќе пробано и дојдов до некој заклучок дека сите се исти. Да спомнам дека е продукт кој најчесто мораш да го менуваш, сакал-нејќел, се суши и чао тути. Прво Авон и Орифлејм ме лажеа на времето, ајде ок, не се толку трагични, мада што ништо уау. Римел, така-така. Боржуа, искрено очекував повеќе за парите. Гош, фино, ама ги поскапеа и толку од моите инвестиции во тој бренд. Есенс ми се, меееееееех, некако несериозно ја сфаќам целава марка, па така и маскарите. Мејбелајн, ок, најдобри досега убедливо, ама што им е бре луѓе, од 280 на 400 денари, па не бришев вц-иња пола саат за една маскара. Имаше една Исидора, од странство ја купив, ептен дека имав ваучер, е оваа беше ВАУ, ама таа како за 3 саати чистење вц-иња. За поклон ја купив на Катрис една, пак така, најобична. Во Америка купив и Лореал, значи не е кинеска ете, не е да се сомневам во квалитет како што ми е мисла со овие тука и пак ништо. Не ми ни текнува веќе која ја имам користено. Не знам, да сум до толку без трепки, најнормални си имам, нит нешто посебно се ошутени ни ништо. Не знам дали ја очекувам нешто премногу од маскариве, дали дека сите се некои нискобуџетни, не се пример од 15-20 евра и нагоре. Денеска се мислев на Аура дали да земам, па ваква па таква.... Или на Севентин еве немам пробано, на Максфактор исто читам ги фалите. Ама кога ќе видам цената, епа искрено, некако се подзамислувам, ај да работам друго е, вака само одлив имам од сработеното, а на трошоците им нема крај. И на крај се изнервирав и си купив најобична од Голден Роуз, таа една жолта, највеќе ме бендиса четката.... барем да не ми биде мака за парите. Можам само позитивно да се изненадам, да ви кажам право. Секако ќе се исуши за 2 месеца максимум.
Imam probano i skapi (od koi zamalku trepkite ke mi padnea), no najzadovolna sum od Golden Rose Ne e do maskarata, do trepkite e
Rimmel Scandalous eyes совршенство.. не прави грутки, дава волумен, должина на клепките, убаво ги раздвојува... при крај ми е и сега сакам да ја пробам новата од Римел со арганово масло
без многу задоволна од оваа и незнам зошто решив да ја сменам со оваа, која за ништо не чини на голден роуз имам купено еднаш и многу ме печеа очите од неа, неможам нити тушевите да им ги користам, на есенс воопшто не ми се допаднаа. досега најдобри ми се погодија макс фактор, не немам стандард за редовно да ги купувам, иоанака секој месец по една заминува
решив да сменам маскара, па ајде си викам да ја пробам оваа, не е ништо посебно, ништо подобро од Голден Роуз.. четкичката изгледаше привлечно, па ме залажа..
Ја има ли оваа маскара кај нас во Скопје?И некој дали има искуство со истата.Би сакала да ја пробам.. Ме заинтрегира видеото на кое Кендл ја рекламира.Изгледа дека е доста добра маскарата.А и четката и е преубава.
Јас ја имам Avon Super Full.Маскарата ги издолжува многу трепките за таа намена е повеќе од добра,но мене ми треба некоја за волумен пошто имам доста долги трепки а оваа уште повеќе ми ги издолжува.Некој предлог?
Еве јас уште еднаш најтопло ви ги препорачувам маскарите на Golden Rose. Инаку сакам да им ја пробам златната, таа им е поскапа (околу 250ден) ама велат била исто одлична... Има некоја искуство??
Многу е убава и дава одличен волумен, ама мене ми се пресликуваше под очите и затоа не би ја купила повторно.
Ја користев јас и оваа и онаа ко металик розева што е ама обичната нивна она црната со златно капаче е многу подобра. Овие после некое време ко да ги снемуваше, се ронеа, се губеше бојата. Да не зборам дека трепките одма ми паѓаа надоле.
Дa ви јa препoрaчaм црвенaтa мaскaрa нa Golden Rose тaa 3D штo е. Не ги лепи трепките и не ги зaтуткувa, истo и не прaви тaкви тoпчињa. Ги издoлживa трепките сoвршенo, е сaмo единствен недoстaтoк е тoa штo не дaвa некaкo мнoгу вoлумен. Јa кoристaм сo виткaч зa трепки. Сегa сим вo плaн дa јaпрoбaм злaтнaтa нa GR пa ќе нaпрaвaм спoредбa.