Јас во последно време сум малку разочарана од оваа маскара само ги одделува трепките една од друга а не ги подигнува
^ Мене Super Shock пребрзо ми се сушеше. Не знам колку маскари купив и потрошив до крај, добивав преубави трепки, ама на три недели преку сила, бев принудена да менувам маскара зашто стануваше неупотреблива и пресушена. Што се однесува до новата на Maybelline - Lash Sensational, навистина сум задоволна иако имам неколку замерки. Како прво - формулата е премногу мокра, делува воденасто и многу лесно може да ги залепи трепките до степен да не можете да им го најдете крајот. Ја избегнувам додека ми е се` уште нова, посебно кога се шминкам во брзање, зашто немам време за корекции. Ги разделува трепките многу убаво, нормално, доколку претходно не успеете да ги исполепите , а исто така и ги витка и подига, па немам потреба од виткач, кој и онака многу ретко го користам. Волуменот кој го дава ми се допаѓа и е токму она кое веќе долго време го барам, а за трајноста немам коментар. Ниту се рони, ниту се пресликува на капаците или под и околу областа на очите, а морам да потенцирам дека маскарата откако ќе ја нанесам во 7:30 ч. наутро, неретко се случува да ја носам и 12+ часови. Уредна е - како сум ја нанела, така ја вадам. Четката е гумена - не е нешто кое го обожавам, ама ми е сосема во ред, а големината е малку чудна во комплет со влакненцата. До сега не сум користела друга маскара со ваква извитоперена четка, ама ми се допаѓа. И покрај големината, никогаш не сум ги замачкала деловите над трепките кои инаку секогаш ги правам лом, без разлика на тоа колку е четката тенка и прецизна. Чистењето е малку чудно. Не е тешко, туку баш чудно, затоа што се дели на честички на памучната вата или туфер, како да се распаѓа од трепките. Не се вади воопшто тешко - мицеларната вода на Garnier исто така врши работа, а јас ја вадам со двофазен отстранувач - стандард како и секогаш. Не сакам вакви „мокри“ маскари и ме нервира фактот што првиот месец секако ќе ми оди вака на ризик од дома да излезам со залепени трепки, додека не се подзасуши формулата малку од малку. Е тогаш, знам дека ќе биде полесно за манипулирање со четката и посакуваниот ефект ќе го постигнувам побрзо. Без разлика на ова погоре, маскарата многу ми се допаѓа и би ја купила пак доколку ја најдам на акција, инаку одамна се откажав од маскарите на Maybelline - навистина се едни од најквалитетните од покомерцијалните брендови, но никој не може да ме убеди дека вредат 400 факинг денари. Цената од 260-280 денари беше многу реална.
девојки а збор два за оваа маскара? Гледам дека и она е на попуст во космо, за оваа новата на мејбилин се премислив сега чим е воденаста
Мене денеска ми стасаа овие маскари. и двете се убави, убаво ги прават трепките, ама првата биг даринг поубаво ми ги прави, по задоволна сум од неа
Апдејт ја купив маскарата и задоволна сум до сега не сум имала никаква иритација на очите, бојата и четката се супер. Цената од 500 ден е на граница ама се трпи
Еве и рецензија за маскарава со пред и потоа слика http://rosee96.blogspot.com/2015/03/max-factor-masterpiece-transform.html
http://maramasplace.blogspot.com/2015/02/essence-lash-princess-mascara.html Еве кај мене како изгледа. Подобра е нивната розева. Наскоро ќе спремам рецензија ама бидејќи ги имам двете, розевата е подобра.
Јас ја земав демек за волумен ама наместо тоа добив 4 трепки на цел капак Мене до душа ретко некоја маскара да ми одговара додека е нова, особено ако е водеста како оваа, зошто ми ги слепуваат трепките и после ми отвара работа уште дополнителни 10 минути за да ги расчешлувам и да ги доведам во некаков ред. Од она што можев да забележам при единствената употреба е дека не ми се ронеше под очите, ниту пак пресликуваше што е позитивна страна. Има убава интензивна црна боја и четкичката мене ми е фаворит. Ќе и дадам шанса повторно за некој месец кога малку ќе отстои и се подзасуши зошто мислам дека ќе ми се допадне повеќе тогаш.
Ја купив оваа може пред повеќе од две години, беше во комплет со една пудра Најзакон четка, и една шминкерка ми кажа, фората е во тоа што е горе ко опашка, може многу лесно да се врти 360 низ прстите. И сега си купувам поефтини маскари, али гледам да може да ја собере оваа четка. Ја користев жолтата Голден Роуз, од тие што се имитација на Мејблајн, почна да се рони по два саати, али веќе и стара беше. Проблемот со поефтините маскари е што паѓаат за два саати низ цело лице, а после тоа го бришам три дена, не се брише. Особено последнава Значи не барав многу, само да не се лее по фаца. Можам да напишам есеј од 500 збора за тоа колку е глупа маскарава.
@CatherineTheFox Essence I love extreme, во црно пакување, 195 или 210 ден е. Со повеќе слоја се добива супер ефект. Би ти предложила да си земеш и виткач за трепки, 100тина денари се.
Фала ти многу, ја имав маскарава дома ама баш тој период имав некоја инфекција на очите па не користев маскара, ќе си ја порачам пак па галиба и виткачов ќе помогне нешто
И јас да се надоврзам на муабетов за маскарава од Авон, по втор пат ја порачав на попуст, и само си потврдив дека е катастрофа, ниту ги подига трепките, ниту волумен добиваш, ништо. Јас мислам дека третиот пат кога ја отворив веќе беше исушена право за во ѓубре. Маскари од Авон- никогаш повеќе.