Јас исто ја имам пофалено. Оваа маскара ми е една од омилените. Најмногу ми се допаѓа тоа што не прави грутки и тоа што дава преубави трепки и не е тешка за вадење.
јас ја имам од авон маскарата Big&Darling и досега супер ми служи.не е ми се згрутчила или исушила брзо,секогаш до крај ја искористувам. и си имам ем погусти ем подигнати трепки
Рецензија за lass princess на essence. Јас сум презадоволна од оваа маскара, трепките ми ги крева буквално до веѓи, убаво ги разделува, долготрајна е и не се рони.
Денес ја земав баш оваа есенс, лаш принцес. Ја немам пробано се уште, некако четкичка ми е чудна, многу тенка, немам навикнато на такви, ама ќе видиме. Последната што ја користев беше catrice, lashes to kill и нема веќе да ја купам. Некако бргу ми се исуши, многу сува стана, не ми се допаѓа.
Дали ја имате пробано оваа маскара на Есенс? Јас како љубител на маскари се мислев денес оваа да ја пробам ама и водоотпорна е и незнам да не се вади ептен тешко па трепките да си ги расипам , инаку четчето интересно ми се виде
Дечки кафеава маскара??До скоро прашував и по аптеки и во дм ама немаше... Не е битно од кој бренд, само да не е многу солена ...за преку ден ми е .
Има во Шатци, од Misslyn, intense volume. Мислам дека е 295 мкд, инаку предобра е маскарата, сум пишувала за неа.
Не можев на крај да не ја земам маскарава трета ми е месецов ама не бев задоволна ич од предходните многу ми се размачкуваа под очи. Ја земав оваа во космо 300 ден на акција. Задоволна сум многу. Ептен ги издолжува трепките како телескопик на времето пред да ја сменат. Воопшто не се размачкува затоа и малку потешко се вади, не како рокетот без трепки да останеш ама и не е со вода да ја допреш и да ја снема. Така да дури и некоја солза да пуштите нема да се растече одма. И тоа го тестирав. Од мене 5 има
Имам премногу маскари ама едвај чекам да ја пробам и оваа затоа што слушнав многу пофални зборови за неа.
Многу сум задоволна од маскарава на Make up for ever Smoky Extravagant, ми ја дадоа како тестерче , трепките убаво ми ги витка , дава должина, и најважно многу лесно се вади , не се рони под очите. Четчето и е многу интересно како новогодишна елка е
Јас ја користам околу една недела и досега сум најзадовола од maybelline маскарите, убаво ги издолжува и не ги слепува трепките, за поцеток е малу потечна но на поцеток сите маскари се такви.
@M.laDy мојава не е многу течна таман ми е некако. Црната мејблин ми беше по течна уште одкако ја земав и наредни месец дена колку ја користев, друга што ја користев во меѓувреме беше па премногу сува. После нив оваа ми е златна средина
Мојата Lash Sensational од Maybelline се подзасуши доволно за да ми стане омилена и да не ми ги слепува трепките. Отприлика за околу месец дена се „нормализира“ состојбата на формулата. Не знам, мене ме нервираат такви водени, мокри маскари. Сега ми е супер, можам слободно да си ја дозирам без да се грижам дали ќе ми ги залепи трепките или да ми ги направи дебели со само еден слој.
Која маскара е подобра од овие три? Ја имам жолтата и е супер ама дека е при крај (и плус и таа на Диор ми е при крај - добра беше но четчето не ми се допадна некако...) прилично сум задоволна скоро од сите маскари на Мејбилин па сакам некоја од овие да пробам
Фала @Mishela Претпоставувам во сите Шатци во Ск ја има,нели? Јас сум од Бт,во нашето Шатци веќе долго време ја нема .На страната на Шатци кога им пишав пред 2 месеци,ми кажаа дека само во Т.Ц Бисер ја има.Затоа не бев сигурна.
Јас последно ја купив пред Нова Година од Шатци во ГТЦ. Можеби во моментот ја немале на лагер, не знам. Или пак ја повлекуваат од продажба, можно е и тоа.