Ако може некој да ми препорача која е најдобра маскара моментално кај нас. Цената не е битна и најскапа да е, само да се откачам од Maybelline. Мора да се смени малце
@Bloom19, како што веќе спомна @koritsaki, и јас ти ги препорачувам маскарите на L'Oréal, конкретно Telescopic златната. Не знам дали сеуште ја има кај нас, но ако ја има- дефинитивно вреди да се инвестира некој денар повеќе во неа, зашто мене трепките ми ги правеше како лепези. Се си мислам дека пред некое време имаше акција во Космо со наведената маскара, но не ме држи за збор. Еве и слика:
@Jordanovska-K , @koritsaki баш ќе пробам од Лореал, зашто и онака немам многу трепки не очекувам нешто вау ама барем пристојно.
@Bloom19, и јас имам релативно кратки и ретки трепки, и бев презадоволна од маскарава! Веќе кога ја спомнавме, редно е и јас да ја побарам, да ја сменам оваа што ја користам сега од Catrice, зашто реално- не сум многу задоволна од неа. Ако случајно ја купиш пред мене, пиши кај ја најде и по која цена ја зема. Пак ќе повторам, јас мислам дека ја гледав во Космо на акција, па тоа би било првото место каде што би ја побарала.
Мене ми се допаѓа и маскарата на Gosh - Show me volume. Ја купив по препорака на Анат, таа откако памтам ја фали постојано. Прекрасна е маскарата, убаво црни и издолжува, не ги лепи трепките, ги витка и дава солиден волумен. Јас имам природно долги и густи, но светли трепки, па не знам колку би можеле да се ориентирате по моето мислење ако имате кратки трепки. Сепак, мислам дека е навистина убава маскара, вреди да се купи.
Од првава маскара на лореал бев најзадоволна досега , убаво ги расчешлуваше трепките (јас имам густи и долги тепки) не ги слепуваше трепките , сите ме прашуваа што маскара носам. Од втората , добра беше но за мене не беше нешто вауу , средна оцена 5ка би и дала. А оваа последната пред 1 недела ја купив но не сум ја отворила уште , прво да дотрошам др маскари па после ако ја има во космо пробај ја
Maybelline falsies,во ДМ има попуст, 325 ден. Јас си ја зедов обичната,ама се зафркнав,водоотпорната била поубава.
Морам да прашам, купив маскара алверде како оваа на сликата, но само што ја пробав дома видов дека скоро ништо не останува на трепките, едвај ги прави и црни, а не па да ги згусне или издолжи. Дали сте имале такво искуство? Ова е срамота, не е ни маскара, срамота и за ДМ ако оставиле потрошена...
И јас не сум задоволна од маскарите на Alverde, јас ја имав црната, и воопшто не ми одговараше. Очите не престануваа да ми солзат од неа, а немаше никаков ефект од нејзиното нанесување - ни волумен ни ништо. По некое време и ја дадов на сестра ми да ја користи (таа има нормално долги трепки) - истиот проблем со солзењето се јави и кај неа! Не би ја купила пак.
Јас имам кратки и не баш густи трепки (да не речам ретки, да не се депримирам ) и ретко ставам маскара, затоа што после тоа ме мрзи да ја вадам . Како и да е, кога ќе решам да ставам, кога нема бегање, ја користам Maybelline сината, а сега ја зедов црната. Прилично сум задоволна од маскариве, баш убави ми ги прават трепките, како лепези, е сега за издолжување - не издолжуваат баш, ама тоа е. Мене всушност поважно ми е да даваат волумен и да не ми натежнуваат трепките кога ќе ставам, а тој услов ми е исполнет со овие маскари. Освен тоа, не се ретки, не се разлеваат и не се размачкуваат. Порано користев од Oriflame, баш беше фалена тука таа, не знам точно име, ама не бев многу задоволна. Овие се дефинитивно најдобри што сум ги користела. И немам проблем со отпаѓање на трепки кога ги чистам.
Дали има некоја добра маскара од Loreal? Сакам некоја што ќе ми ги направи долги со волумен, а не слепени сите трепки во едно ?