Во врска со маскарите во ДМ и со нивното отворање,сакам да прашам....тие што сте од Ск или почесто одите таму,дали секогаш се со лепило залепени или сега пред попустот тоа го прават? Јас пред 2-3 недели купив од Мејбилајн,ептен сува,ќе ја фрлам од шо ме нервира.Сега гледам пак има попуст,се мислам да го искористам,ама страв ми е да не се зафркнам пак
Јас имам видено девојки во космо како си отвораат маскари залепени со селотејп и се шлакаат со нив во продавница. Мислам врвот ми беше пред некоја година кога влезе девојка додека разгледував, си се нашминка комплетно, и си излезе од космо без да купи ништо Маскарава инаку е најдобрата инвестиција за козметика што сум ја направила некогаш. Многу ми се допаѓа какви ми ги прави трепките, не се размачкува и четкичката е супер. Иако @marama ми искоментира дека мејбелин маскарата што ја користев пред оваа изгледа подобро на мене
де девојки препорачајте некоја добра маскара(посекојдневна) да не биде водоотпорна до 500 денари. Минатиот пат купив на голден роуз онаа гел маскара што не остава никаква боја ама некако трепките почнаа да ми паѓаат од неа и ја фрлив во ѓубре.
До сите девојки што ја користат, вчера ја видов Lash Sensational маскарата на Maybelline на попуст во Cosmo, цената и е 350 денари.
дечкиииииииииии си купив нова маскара ова возбудата е оти е многууууууууу ама не многууууууу туку преубава маскара...можеби најдобрата и најсекојдневната што сум ја ставила на трепките еве оваа после една торба фалш маскари оваа е чудо еве ви и приказ на маскарава
@lovemme Искрено да ти кажам изненадена сум од тоа колку е добра, на почетокот ми беше чудна четката некако ми ги слепуваше трепките, ама после неколку пати се научив да ја користам и супер е и пак би ја купила дава многу многу должина и волумен на трепките и иако е топло не ми се пресликува на напакот или под очите, сум го имала тој проблем со други многу поскапи маскари. Јас ти ја препорачувам да ја пробаш, се надевам дека и тебе ќе ти се допадне.
Кога бев во ск од ДМ си купив Alvedere All in one mascara навистина е предобра и ми ги павите трепките убави.Не беше ни скапа под 200 денари беше..Еве ја користам веке неколку години и е многу добра.
Мене па оваа маскара воопшто не ми одговара, можеби четкичката е супер но мене очите многу ме печеа и постојано ми солзеа, па и ја дадов на сестра ми да ја допотроши, но истиот проблем се јави и кај нејзе, па ја фрливме. Не би ја купила повторно.
баш јас дека имам така проблеми од некои маскари од оваа воопшто немав... незнам сепак мене ми се погодила
Женски , едно прашање , дома ја имам оваа маскара на Есенс. Ја имам веќе 2 месеца и на почетокот не ми се допаѓаше а од кога почнав да користам виткач за трепките баш убаво ми ги подигнува и разделува трепките. Исто така приметив дека четчево е исто со тоа на Севентин. Проблемот е тоа што оваа на Есенс се рони многу по 1-2 часа ,па ме интересира дали оваа на Севентин е добра , дали се рони , зашто нареден пат сакам да ја земам неа поради четката.
@koritsaki, јас ја имам маскарава на Севентин , сега скоро ја земав и сум задоволна; не ми ги слепува трепките, ги издолжува и извиткува баш како јас што сакам. До сега бев разочарана од сите производи на Севентин, но ми ја препорачаа маскарава како новитет, па ја земав на тепка и не погрешив. Пробај ја и ти, верувам дека ќе ти се допадне
Блaгoдaрaм зa oдгoвoрoт, јaс јa имaв пред некoлку месецa мaскaрaтa The stylist нa Севентин нo вo лилјaкoвa бoјa и вooпштo не ми се дoпaднa ништo не прaвеше нa трепките ни ги издoлжувaше ни вoлумен дaвaше.. Бaш сaкaм дa јa прoбaм другaвa гледaм и пo нет мнoгу јa фaлaт
Стварно не се сеќавам, многу производи изнакупив тогаш, и не ми текнува на точната цена ама мислам дека се движеше меѓу 350-400 денари. Мислам дека ти ја користеше и Lash Sensational, претходно спомнав дека е на попуст во Космо
Знам за тој попуст @Jordanovska-K, јас си обезбедив нова пред месец дена на попустот во ДМ, засега сум мирна. Многу ме заинтересира оваа на Seventeen, можеби ќе ја купам, ќе видам.