Јас ја имам користено. Воопшто не ми се допаѓа. Ни волумен, ни должина-ништо.Само боја на трепките- ја имаш, ама како да ја немаш Моментало ја користам од TRENDY розевата(не можам слика да најдам) 180 ден. е, и е предобра за парите,многу убави ми ги прави трепките.Ниту се рони,ниту се размачкува.
Морам да ги пофалам новиве маскари на Голден роуз. Јас ја имам водоотпорната, преубава четкичка има, дава волумен, должина, боја, презадоволна сум, чини 130 денари. Во скоро време планирам да пробам и од другите.
Не помнам кога последен пат сум била толку воодушевена од маскара. Јас до сега не можев да функционирам без виткач, со оваа маскара речиси и да заборавив на него. Ги витка убаво трепките, дава фина боја, не им дава волумен, ниту пак должина кој знае колку ама е одлична маскара за цената. Чини 130 денари и ја има во нивните продавници. Не се рони, не остава боја под очи и се мие многу лесно.
Ги има на интернет секаде, пиши го името на гугл и ке искочи, а и на страната на голден роуз ги има, заедно со краток опис
Често ја гледав максарата на Севентин низ постовите на @koritsaki, а знам дека таа користи добра козметика па ја пробав. ПРЕдобра е, дава ефект на вештачки трепки, премногу должина и волумен. Ќе ставам на темана слика со пред и потоа ефект.
Розе , од Севентин овие две ги имав користено , втората мене воопшто не ми се допаѓаше , ништо не им правеше на трепките , ни волумен даваше ни ги издолжуваше.. А првата е добра само што мислам дека ми ги залепува многу трепките
Уште 50 додај и за 300 земи си ја од maybelline collosal, жолтата за волумен. Нема утка, и профи шминкери ја користат така да нема ризик од трајност размачкување и сл. А и многу значи начинот на кој ќе ја нанесеш, како и подлогата под очите за да не ти се пресликува Од поевтината варијанта сум била задоволна од golden rose или classic, конкретно овие Спојлер Исто ми се покажале многу добри да не речам одлични, околу 130-140 се движи цената. Истиот ефект го даваат како и поскапите од некои дури и поубав, е сега може за нијанса побрзо да се сушат од нив, ама пак си траат доволно а и зависи колку ќе ја користиш. Битно супер избор се и тие, иако се нискобуџетни, еве ниту мене лично а ни другаркиве кои исто имаа користено од нив не ни се случило некоја алергија или несакана реакција, а крај краева не ни пиши на чело каква маскара имаме ставено сосе цена нели
@koritsaki Za taa prvata imam pisano. Inaku jas dvete gi imam koristeno i mnogu mi se dopagjaat. Zatoa sto efektot e dolgotraen. ☺️
Мајка ми ја користи па неколку пати сум ја ставила и јас. Стои по цел ден без да се размачкува, ги витка трепките и дава волумен. Јас сум задоволна од ефектот што го добивам со маскарава. Иначе е 430 ден ама сигурно ја има на попуст негде до 340 ќе ја најдеш. @Veki4kaa