@Sanjichka007 , @senza.parole , @Annath ... Ја купив!! Спојлер И поклонче сенка ми дадоа и си се изнарадував како мало дете А баш стигнав попладнево дури и да ја прошетам и приметувам како одам по улица - луѓе се вртат по мене си викам што е работава?! И после ми текна дека уствари маскарата ми е убитачна Шала на страна, добра е стварно. Точно е дека малку ми е чудно со четчето ама не е толку страшно како што си умислував така што сигурно ќе го привикнам за брзо. Фала на препораките и советите дамички .
I vo kosmo ja ima, jas ja zemav i prezadovolna sum, isto na promocija bese i vo kosmo redovna cena e okolu 850 den. taka nesto
Маскарава е откритие за мене. Појма немам како, ама навистина ми ги издолжува и обликува трепките, па и цел ден се држат на место. Јас предходно користев потенки четки, поудобни ми беа, па ми требаше време додека се научам да ја користам четкава без да се ушљакам, ама вредеше мачењето - конечно идеална маскара за кратки трепки.
Nekoj koj ima koristeno maskara bourjois beauty'full volume da kaze kako e zadovolen? Ja zemav no seuste ja nemam probano da ne ja otvoram za dzabe ako ne ja biva?
Еве да си се самоцитирам, како што ви ветив еве слика. Маскарава е совршена (барем за мене) има многу интензивна црна боја, убаво ги дефинира трепките и не ги слепува, убаво ги издолжува и што е најважно е трајна и не се рони. Од мене има 10 плус. За разлика од маскарите за волумен на алверде кои ги имам пробано и не даваат баш ич волумен оваа дава. Името и е баш погодено doll lashes. Ми стана омилена маскара од алверде, веќе заборавив на дугите. Следна на ред која сакам да си ја купам е drama lashes или нешто слично се викаше исто од алверде, ај прво да ја завршам оваа и 4 други од алверде што ги имам ахахаххахаха. Поздрав.
На почетокот кога ја земав Maybelline Lash Sensational ми идеше да ја фрлам. Си викав кај ја земав се упропастив. Чудно ми ги лепеше трепките и беше многу течна. Ама со тек на време се подобра и подобра станува, не е толку течна сега и таман ми е. Абер нема ни да се потроши
Ви кажав и јас одамна за Lash Sensational. Мојата не се ни досуши до крај, ме фати шубе зашто ја користев околу 7 месеци, па ја фрлив и купив нова. Можеби реално немав потреба да ја фрлам, ама кога се работи за производи кои ги нанесувам на очи, ептен сум хипохондрик. Оваа ми е не знам која маскара по ред, дури и мајка ми постојано ми купува нова, ја имам баш така, залихи ко во секој момент да треба да настане смак света и ќе се повлечам во арката на дедо Ное со несесерот полн со Мејбилајн розе маскари. Одлична маскара по пристапна цена. А видиш, мислев дека никогаш нема да ја сменам жолтата 100% карбон блек.
Па секако маскара не се ни користи повеќе од два-три месеци... реално, секој ден ако ја користиш, дури и почесто треба да се менува. Сепак на очи ја ставаш. Јас сега ќе си ја купам пак... попустот на ДМ на Maybelline производи е следната недела
Јас да ја пофалам и оваа маскара на голден роуз, ја имам и водоотпорната но бидејки малку потешко се вади ја зедов оваа, презадоволна сум, трепките ми добиваат интензивна црна боја, волумен, издолжување, дефинитивно трепкиве ми се поубави и поизразени со оваа маскара отколку со маскарите на мејбилин. А цената е баш смешна.
Инвестиција 0, слој 1, трепавици до Белград. Од последната маскара на Авон. Природно имам долги да се разбереме. (мислам дека прв пат прикачувам своја слика на форумов) Сум давала пре пари за многу други работи, ама за маскара... сум дала неколку пати и сум рекла никогаш повеќе. Какви се такви се, маскара не може да направи чудо. Само вештачки или надградба за драстична разлика. Па толку фалената Мејбилин кај мене има ефект како 100 денарската на Мис Спорти. Лореал маскарите исто така...
И јас да ја пофалам Lash Sensational. Се мислев дали да ја земам со оглед на моето претходно негативно искуство со маскарите на Mabelline т.е со сината маскара, ама оваа ептен ми се погоди. Трепките ги прави прекрасни, не се слепени, не се рони, четката е идеална за моиве прави и долги трепки. Абре љубов Ќе си ја земам пак.
Не знам како се вика, на работа сум не можам да видам. Капачето на врвот и е со виолетово и закосено, последно ја имаат промовирано неа. Супер ги подкрева нагоре и тоа е најефектот од неа, за должината можеби додава 1 милиметар преку сила, во однос на должина не очекувај чуда. Четката е добра, секое влакненце го опфаќа.
Пред година и нешто ја купив Рокетот поради пофалбите што ги читав тука. Да бидам попрецизна - неводоотпорната. Супер ми беше и се чудев кога повеќе членки почнаа да се жалат дека тешко им се вади и дека им паѓаат трепките. Јас таков проблем немав ниту еднаш, а трепките ми беа поубави отколку со било која маскара. Пред некој месец ја купив црната, колосалната од Мејбилин и сум презадоволна. Од мали и ретки, трепките ми ги прави како лепеза. Навистина ретко користам маскара, ама оваа ми е погодена и не ја менувам веќе. Претходно од Орифлејм сум користела, ама таа нема шанси со последнава.
@Lilit веројатно мислиш на оваа маскара. И јас имам пофални зборови. Ја купив на попуст, околу 200- 300 денари. Имам релативно долги трепки, па од маскара пред се очекувам волумен. Не се рони, што е многу битно. Исто така не ми остава црни кругови под очите после бришење (како што беше случај со розевата од Мејбилин).
Да,да, баш таа. Мене ми треба маскара само за исцрнување на трепките. Кога се шминкам од пудрата си ги осветлувам. Ако немате друга мука, маскарава сосема солидно си ја врши работата. Баш, додава волумен, црна е, не е како други да осветлува кога ќе се исуши, не се рони, не слепува и не е скапа.
Јас сум презадоволна од маскарите на Гош. Всушност таа е и најскапата маскара која сум ја поседувала. Покрај оние од Авон што се тука некаде со цената, Мејбилајн, Севантин кои се добри но со некои отстапки. Дали во подигањето на самите трепки или пак во трајноста,зависи. Додека од маскарите на Кетрис и Голден Роуз не сум воопшто задоволна. Во последно време користам кафеава маскара, онаа Length'n Build.