Big and Daring или Luxe од Авон... Ги имам користено и двете, а моментално ја користам новата на Big.. Совршени...
@buba4e89 Маскарата е убава да , мене многу ми се допадна двапати ја имам купувано , а лани го купив и ајлајнерот = КАТАСТРОФА од ајлајнер , убаво црни тоа ок но ако се испотиш или во лето се растекува низ цели очни капаци. Бар мене не ми се погоди
Маскарата е фантастична, ама за тушот не знам... ако си во можност да си ја земиш само маскарата, не пропуштај.
^ Сепак јас зедов од Дм на Римел, ми се допадна четчето, ја немам пробано сеуште. Последна ја зедов во Дм, неможам да најдам слика. Мојата е за виткање и волумен на трепките. Сестра на оваа од сликава.
Последна маскара што купив Medina by GOSH, сеуште не сум ја тестирала и мислам да напишам рецензија на мојот блог Дали некој ја има пробано, искуства?
Поздрав до @Lilit. Конечно ја пробав маскарата од Авон што ја препорача. Подобри никогаш не ми биле трепкиве.
Не знам дали на право место парашувам али ај... Како ја вадите маскарата без да ви опаднат барем 2-3 трепки?
Јас ја користам оваа маскара на Classics..130 денари е и можам да кажам дека е најдобра од сите што сум ги користела досега, а сум користела и многу поскапи
Lancome -Drama ми е дефинитивно најдобра до сега. Инаку многу се нервирам кога ќе купам маскара и е подзасушена.Такво искуство имам со False Lash Effect на Max Factor, и една маскара од Лореал. Посебно за False Lash Effect бев прилично возбудена пред да ја купам и баш се разочарав.Со рокот се добри,не ми е јасно зошто беа суви.
Вчера си ја купив маскарава Уште не ми е пробана ама од тоа што прочитав тука би требало да сум задоволна