Врвот од маскара ! Должина ,волумен ... Се! Штета што неможам да ја најдам ,после неа не ми чини никоја... Ене ја сува стои ама упорно додека скроз не се исуши не ја фрлам. Аки знае некој дали ја има ,можда сменета опаковка ,нека ме просветли . @stetoskop да се надоврзам , не дека е течна ,ене ја , ја имам побеќе од 4 месеци не ми чини ич , а толку фама околу неа...
Која е подобра од овие две? Што разгледав reviews, повеќе око ми фаќа Volume 1 seconde Еве споредба со Lash sensational
YSL Shocking - ми ја подари мајка ми. Предобра. Не ми е тешка, издолжува и дава волумен. Сега ми е на прво место..омилена ја надмина и онаа на Estee Lauder - Sumptuous Extreme.
На Essence оваа ми е убедливо омилена ја користам веќе 3 години, кога и да купам нова пак на таа и се враќам хахаха. И волумен и должина, се прави маскарава.
@Petra777 и јас ја користам оваа маскара и сум презадоволна. Мојата е ваква Претпоставувам е истата за којашто прашуваш. Инаку во мојот град ја има по парфимериите, веќе и во поголемите маркети. Види побарај ја со ваква амбалажа верувам дека ќе ја најдеш.
Фала , сум ја видела мислам , така и на есенс гел надлак ми сменија пакување ... Јас амбалажа паметам , ова што пишува не го ни гледам.
Еве ме пак... Си ги повлекуваам сите критики за Lash Sensational. Значи ја купувате , ја отвараате еднаш , ја ставате некаде и заборавате дека ја имате едно 4,5,6 месеци и после е ваууууу Требало време да се засуши. За малце во канта ќе ја фрлев...
Неделава постојано купувам производи од Малена, па денес реков да пробам некоја од маскарите. Барав за должина и виткање ама беа потрошени и ја зедов новата 3 во 1. За тие пари сум препрезадоволна од ефектот. Со еден слој добивам баш тоа што сакам.
Не знам зошто, ама ја купив од Бенефит They are real маскарата. Четката ми се виде добра, па и таа продавачката имаше такви трепки, ко демек од маскарава.. И ајде дадов 27$ за една маскара. Ја користам две недели, ќе ја фрлев да беше поефтина до сега. Ништо не им прави на трепките, нула. Користам виткач предходно, пробав да ја нанесувам на разни начини, со вртење на четката, со пауза меѓу слоевите.. Почнаа трепките да ми паѓаат од неа, не се отстранува лесно и секогаш наоѓам по некоја трепка падната на памукот. Ја вадам со кокосово масло (органско), понежно од тоа здравје. Единствен плус и е тоа што не се рони. Јас сум разочарана од маскарава, веќе не им идам по паметот на продавачките.
Секој месец мењавав по еден, и сега сум си задоволна со Макс Фактор. Еднаш ќе ставам и какви и да ги наместам ми седат цел ден. Порано користев и Голден Роус и таа не беше лоша.
Никогаш повеќе нема да ставам маскара. Си имав одлични долги и густи трепки и од кога почнав да ставам (4-5 пати) почнаа многу да ми паѓаат. Посветли ми се од косата и веѓите, ама подобро сиви трепки одколку никакви.
Пријатно ме изненади Volume Glamour Ultra Black. Ептен се напнав да купам нешто од Bourjois и се погоди маскарава (иако сакав да ја купам класичната со розево капаче, но таа ја немаше). Кога ја отворив маскарата малку ме разочара четчето бидејќи се имам откажано од класични четки, но супер се покажа. Убаво ги издолжува трепките и не ги слепува. Лесно се вади и не треба да ги тријам очите како што ја вадам Lash Sensational.
Ја користела некоја оваа? Јас сум многу задоволна од обичната I love extreme, али на топлово како што ми допираат врвовите на капаците така ми остануваат точки.
Девојки, дајте ми предлог за добра маскара, би платила до кај 800 ден.Најбитно ми е да не се рони и да дава волумен.