Фала ти многу, такви ми требаат , да траат. А можеш ли да ми кажеш каде да ги барам? Cosmo, DM .... ? И која цена се вака од прилика
Да ги има секаде во Дм, Космо, Еликсир.. а точно за цената незнам , јас имам две дома ама дека оддамна ги имам земено не се сеќавам баш на цената но мислам дека над 150ден не беа
До сега ја користев маскарата на Golden Rose x4, затоа што ми одговараше многу. Но, решив да направам промена и ја купив на Rimmel Scandaleyes Reloaded... Трепките ми ги прави совршени. Многу ми се допаѓа и Ви ја препорачувам. Нема да направите грешка
Сум задоволна од оваа на Maybelline. Многу е подобра од Rocket Volume, ми ги издолжува трепките, а и не се рони после 1 час. Тукушто ја купив и оваа, Беше на попуст, па решив да ја испробам. Не е лоша, има скоро ист ефект како Colossal-от.
Немаше во космо не ги држеле... отидов во еден дм немаше, па во друг и тсму немаше... единствено што можев да најдам беше essence kajl eye pencil и викам ај ќе го земам пошто пишуваше дека е долготраен, но не и водоотпорен... Ставив и очекував да трае, но не! После пола саат на некои места избледе се избтиша значи деф. Треба да барам нешто водоотпорно мразам полуизбришано моливче ах
Ја користам оваа Предобра е 160 денари ја користам скоро една година.. и ми ги згуснува и ми ги издолжува трепките.
презадоволна сум од оваа маскара, кога и да одам некаде во странство купувам за да имам за подолг период. Според мене, незаменлива
Јас ја имам маскарата на Боржуа. Ептен ми се погоди, само мана е што ги слепува трепките за со друга погуста четка ги правам какви сакам. И пак би си ја купила, само незнам што цена е, беше гратис кога ја купував пудрата air mat
Пред малце помина реклама на ТВ за маскарава. Бил некој деновиве во Космо, ДМ и другиве парфимерии и дали ја имате видено? Едвај чекав да ја донесат да ја пробам, да ја знаев минатата недела не купував нова. Ама знам дека ако ја видам нема да издржам да не ја купам. Ако некои веќе ја има купено ве молам споделете импресии.
Пиши и цена ако знаеш, јас сум во потрага по некоја која им дава вештачки шмек малку на трепкиве, природно ми се долги и густи, ама друго е така кога ќе ги нашминкаш Многу добар ефект ми правеше и маскарата на Авон False Lash ама пребрзо се суши...
Па и уште ги накачиле цените овие Мејбилајн од последен пат кога купив нивна маскара без попуст. Не се нормални.
Не само што не се нормални, ама и маскарите воопшто не ми се допаѓаат, ептен ги лепат трепките и брзо се сушат. Сто пати подобри ми се од Римел, па и цената му е супер.