Најефтина,а добра(за мене) е од Тренди розевата,180 ден. Зависи до колку пари сакаш,инаку на Мејбилајн се до 400 ден.,ама преубави. Последно си ја купив од ДМ, на попуст, таа портокаловата од Римел за 224 ден.,ама не е нешто wow
Да ви ја препорачам од Есенс розовата Ај лав екстрим прекрасна е дава прекрасен волумен најубава маскара што ја имам коридтено до сега
Да,но брзо се суши. Јас ја немав лично користено, но една познаничка ми се пожали дека брзо се суши. Како и да е создравје да си ја користиш.
Најчесто користам маскари од Голден Роуз, бев многу позитивно изненадена од 3D Fantastic Lash во црвена тубичка, исто од уште една во металик виолетова туба, а преефтини беа, црвената беше 120 денари, а виолетовата до 200 најмногу. Порано исто користев од Мејбилајн, ама не ми се даваа од 350-450 за маскари, иако таа во жолта туба со дебела четка ми остана една од поомилените. Од мајка ми имам користено поквалитетни маскари од Гош, Дебора, Макс Фактор ми се чини, таа од Гош беше одлична, ама 700-800 денари што реално никогаш не би ги дала на маскара. Сега си нарачав последно од Орифлејм, Џордани Голд маскара за 400 денари, скапичка беше ама сите ги фалат производите на Џордани па се решив да ја пробам. Луѓе, маскарава е совршенство! Кога ја видов четката се разочарав, зошто беше претенка и со 5 влакненца, а беше за волумен + издолжување, ама нема врска. Уште од првото нанесување ги покри речиси сите трепки, премногу ми ги издолжи и ми ги извитка, ми ги раздели, впечатлива е доста. Е сега за волумен, треба уште еднаш да се нанесе за да дојдат подебели, ама како и да е ептен ми се допаѓа. Плус зошто бев преуморна вечерта (после цел ден што ми беше на лице маскарава) сум заспала со неа, и сабајлето кога се разбудив ја имав уште на мене, недопрена, немаше ни грутки, не беше ни размачана, изронета, ништо. Би ја купила за некое време пак, ама сега гледам дека пак е по стара цена, 629 денари, а тоа ми е прескапо.
Да да,вчера ја пробав.Значи подобра маскара немам пробано.Убаво ги разделува трепките,ги витка и им дава волумен.Два слоја се сосема доволни за совршени трепки.И не ја менувам!
Јас користам две за различни пригоди Црвената од Голден Роуз ми е топ, дава супер ефект, јака боја ама не ми е за цел ден, затоа што знае да се размачка. Другата ми е од Макс Фактор мастерпис за подолга километража Не ги заплескува трепките и баш ми одговара. Голден Роуз има стварно супер маскари за супер цена
Првпат користам маскара од Лореал и би ја препорачала, посебно за светли и ретки трепки. Зависно од тоа колку слоја ке ставите, можете да изгледате нежно, драматично па со повеќе слоја изгледа како вештачки трепки да имате. Содржи вештачки трепки кои суптилно лежат на вашите.
јас сум најзадоволна од Лореал маскароте.Имам купувано и поевтини но испадна дека сакајќи да заштедам јас џабе фрлам пари бидејќи нема ефект. Сите маскари на Лореал ги имам пробано и сите се одлични.Сега има и попусти така да можете да ги набавите и за 500 или 600 денари.
Јас па воопшто не сум задоволна од маскарите на Лореал. Ги имам Телескопик и таа за волумен црвената, по еднаш пробани и зафрлени. Ако некој ги сака, ќе му ги испратам. Имам прави трепки и ретко која маскара не ми ги стежнува надолу. Овие две се замачкуваат и многу ги стежнуваат трепките по некоја минутка носење. На природно свиени трепки не би требало да се проблематични. Последно ја пробав Аvon Luxe, ми се допадна. Лесна маскара, четкичката ја фаќа секоја трепка посебно и не ги слепува. Не е за драматичен изглед, ама за тоа што го барав е добра. Уште сум во потрага по совршената. Поточно, ја имав совршената ама ми е скапа, па само купувам да експериментирам и испаѓа дека повеќе пари така потрошив.