@LivingGlam Probaj ja na Essence Lash Princess so zeleno jas sum epteem zadovolna a prevtina e. Dava mnogu volumen i dolzina i trepkite taka si stojat cel den, jas mnogu sum zadovona, citav ovde na forumov eptem ja falea i zatoa ja kupiv i pak bi ja kupila predobra e.
Море сум се заинатила и вештачки трепајци да си научам да ставам, или без око ќе испаднам, или со мачкешко окце
Девојки, можеби е оф-топик прашањево, ама имам проблем кога ставам маскара. Немам спуштени капаци и не допирам со четката на капаците, но кога ќе ставам маскара и ќе го отворам нормално окото, врвовите од трепките ми пресликуваат маскара на капаците. Големи ми се трепките и ми допираат горе, а немам секогаш време да стојам подзамижана и да чекам да се исуши маскарата. Како да го решам ова? Ретко се шминкам, не ми се смејте, не сум искусна...
И мене тоа ми се случува, тоа е, едноставно долги ни се трепките и треба да сме среќни поради тоа. Решение не сум нашла досега, само со чепкалка за уши го зачистувам зашлаканото
@blueeparadise од l'oreal е. Инаку дава волумен и густина, што мене ми е побитно. Уште побитно е што не се рони, а ја тестирав на речиси цел ден, од сабајле до вечер. Јас имам онака просечни трепки, не се ниту предолги, ниту прегусти, ама па не е и дека се ептен за никаде. Е со оваа маскара добивам совршени трепки.
@Rebecca_R токму тоа и ми требаше. Јас имам доста долги трепки, со средна густина, а сите маскари што ги имам испаѓа дека се за издолжување и одделување, ниедна не ми го дала волуменот и густината што ги сакам, освен можеби жолтата од Мејбилајн. Сега веќе имам маскара од Џордани Голд, ама кога ќе ја потрошам, може да си ја земам оваа, ептен ми се допадна четкичката. Малку е скапичка, ама сепак квалитетот се цени.
@blueeparadise скапа е, ама ако можеш да си ја дозволиш - ич не се мисли. Кога ке ја пробаш ке се увериш дека е одлична инвестиција.
Во ДМ има 30% попуст до нова година на сите шминки од сите марки (конкретно оваа од лореал voluminous superstar e 667 денари, од меjбилаjн се околу 300 денари итн)
Многу убава маскара, мене многу ми се допадна. Четката е малку специфична, ама брзо се навикнав на неа. Ми се допаѓа многу ефектот кој го добивав, ако бараш маскара за волумен - ова е тоа.
За натаму-наваму си купив Голден Роуз маскара, наводно за волумен на трепките, во водоотпорна верзија. Денес ја пробав и како да ви кажам - имам поделено мислење и си останувам на тоа дека Мејбилајн имаат убедливо најдобри и најквалитетни маскари на пазарот (ММЕ кој прв почна да им накачува цени!!!!). Оваа маскара од ГР чини 130 денари и најверојатно е идеална цена кога се ситнат последните денови од месецот, но и последните банкноти од новчаникот. Фул ленгт & волумен верзијата не ми се допадна, затоа што немаше ниту „В“ од волумен, па добивав трепки кои личат на крила од пеперутка, ама крила тенки ко пајакова мрежа, без никаков волумен. Природно имам долги и извиткани трепки, ама многу ми се светли, па ми треба поинтензивна маскара која ќе ми даде длабочина. Ми се допадна четката на оваа водоотпорната верзија, па реков зошто да не. Ефектот не е којзнае што. Дава убава должина, одлично ги разделува трепките, не тежи, не се рони и пресликува ( ), но, не дава дефиниција, т.е. длабочина каква што сакам. Не е многу интензивна и морам да поминам неколку пати по трепките за да го добијам посакуваниот ефект. Не ефект на пајак-трепки (нема таква структура за да се „таложи“ така по трепките. Има некоја лесна формула и мислам дека е идеална за дневен и природен изглед. За оние кои сакаат поинтензивен изглед, ќе си купат друга маскара. П.С. Дечко ми вели: „Е вакви да си ги правиш трепките нон-стоп, ко ништо да немаш, а уствари имаш.“ Отсекогаш сум фурала ефортлес лук. П.П.С. Уште една мана - вадење маскара со обичен отстранувач за очи како оној на Биотен, или пак млеко за чистење - никако. Никако, ако сакате да си ги задржите трепките на очните капаци. Маскарава мислам дека ниту со полиција не бега од трепките, ама со бадемово масло или со двофазен отстранувач (користев Гарниер) нема мака.
Некоја маскара што ќе чешла трепките, интензивно црна, да не се згрутчување и пресликува. Не ми треба волумен
Фармаси Нема нешто волумен, но баш ги разделува т.е чешла трепките, црна, нема грутчиња нема пресликување, баш она што го бараш Оваа маскара конкретно