Само пофални зборови за Golden Rose Wonder Lash Mascara 12x Volume & Lash Lift.... Дава волумен и ги подигнува трпките без виткач, анекако и како да ги „продолжува“. Лесно се вади и не се размачкува (оциве ми слозат мн често а маскарава не се поместува)... Презадоволна од квалитетот. Четката е обична, а цената е околу 250/ 300 ден. Препорачувам
Не ми се допага воопшто, во дрогеријата ми ја испофалија ептен вакви онакви трепки ти праела ја купив жива катастрофа, еднаш да ставиш како воопшто да не си ставил по три четири пати ставам и пак не го зголемува волуменот, ако може некоја нека ми препорача добра маскара што го зголемува волуменот на трепките и ги прави по густи?
@Unikatna50 Другарка ги има скоро сите вакви од Есенс со дебела четка, и што пишува get big lashes на нив, сребрена, плава ми се чини имаше.. Ги пробав и двете, и трепките ми беа ПРЕУБАВИ. Густи, со волумен, и издолжени. Инаку, ако ептен не сакаш од Есенс, ти препорачувам од Мејбилајн жолтата, со подебела четка. Еве оваа:
Ти благодарам ке одам овие денови да ја погледнам незнам мене воопшто ми нема ефект оваа црнава незнам зошто... Дали е до моите трепки ... А претоа користев една голден роуз портокалова беше тубичката ама преубаваа...
Ја има некој пробано маскарата Naked3? Ме интересира дали е квалитетна пошто некако 150 денари ефтинко...
Urban decay (како што знам) немаат маскара Naked3. Според тоа и според цената се работи за некоја кинеска копија, па затоа подобро купи си Golden rose или essence за таа цена, отколку да експериментираш со сомнителни производи.
@ergoproxy Urban decay произведуваат маскари можеш да видиш од нивната официјална страна http://www.urbandecay.com/eyes/mascara Но таа од пазар дефинтивно е копија. Urban decay општо ги нема во Македонија , најблизу имаш во Сефора во Солун. Не се лажете по Мак , urban decay , земете нешто квалитетно Лореал , Буржуа , Мејбилин зашто овие марки што ги продаваат во Мк се само копии
Да да, затоа се зачудив. Сепак фала, користам јас маскара од Maybelline, lash sensational, задоволна сум но сакам да пробам и други па во потрага сум
Девојки, дали сите маскари на есенс брзо се ронат на трепките? Имам негативно искуство од црвената маскара на есенс, но сепак сакам да пробам некоја друга.
Мене за жал сите кои сум ги пробала ми се ронеле и пресликувале. Црвената, црната од истата линија, дури и водоотпорната. Потоа Lash Princess (и двете) ништо поразлично од другиве. Најубав ефект имав од Lash Princess розевата, ама кога почна да се рони ми се скрши филмот.
Маскарата од Орифлејм, the one, со сива тубичка. Не е воопшто водоотпорна. Излегуваш надвор на времево и си Панда
Мене не ми се допаѓа воопшто. Не дава ни волумен, ниту пак ги издолжува. Само ми ги слепуваше една со друга.
Маскарава на Max Factor 2000 calorie (мислам дека така беше, ја имате многу фалено) ја има ли во DM и како и е цената?