Катастрофа.Како ништо да немав ставено,ни волумен даваше ниту пак ми ги издолжуваше.Ја фрлив после 2 недели
Јас веќе неколку години користам ист тип на маскара од Лореал и сум презадоволна, и ви ја препорачувам. На трепките им дава должина и густина, а не се прават гратчиња на трепките. Еве ја на слика, ако ја пробате нема да зажалите
Повели предлог од мене Лично, презадоволна сум од маскарава и што е најсмешно цената и е само 120 денари, а може да им парира на поскапите брендови
Јас имав земено маскара од таа линија, со друга четкичка мислам беше, ама ми се ронеше, не би земала повторно.
@Anie93 јас би ти ги препорачала овие две На Golden rose е 150-160 ден. На Miss sporty е 110-120 ден. И двете се ептен добри а ефтини маскари.
Јас сум многу задоволна од Lash Princess од Есенс со плавиот натпис. Сега сакам да ја пробам и со розевиот натпис, ма и сите други од Есенс Но, ептен разочарана од црвената маскара на Макс Фактор 2000 calories со заоблено четкиче. Ич ич ич не убава. Не ги чешлаше, па ни волумен им даваше на трепките, оставаше грутчиња и брзо ми се исуши.
И јас гарантирам за оваа од Мис спорти имам и претходно пишувано во темава..никогаш не користев ништо друго освен Макс фактор, Лореал или Мејбилајн демек скапи и квалитетни а имам проблематични очи..оваа од Мис спорти ми беше гратис со палета за очи околу 8ми март лани и ај ја зедов за палетата, реков маскарата ќе ја пробам ќе ја фрлам..ама премногу ме изненади...многу црна, дава волумен, не се рони, малку потешко ми се вадеше на пример од некоја друга ама за цената има 5ка од мене..доказ дека не мора да значи ако е ефтина дека ќе е лоша
Јас ја земав оваа на GR ама не ми се допадна,од прво ставање исто ко да не сум ставила ништо на трепките,треба едно 10 пати да нанесам за да се познава, и да изгубам едно 15 минути
Рецензија на новата маскара на Макс Фактор http://rosee96.blogspot.mk/2017/02/max-factor-false-lash-epic-review.html