Генерално сум задоволна , имав проблем додека се навикнам на четката ама сега ми е онака добра. Не се рони под очи , не се прекопира на капаците , не е тешка за вадење . Од мене 7/10
Лоли, може ли да кажеш дали маскарава ти се рони под очите? Ја гледав во ДМ, но заради ова се мислев дали да ја земам или не. Не се осудувам дури не прашам.
Дали некој ја има пробано оваа водоотпорна маскара? Нормалната ScandalEyes ми се допаѓаше, но оваа само ми ги слепува трепките. Ме интересира дали и некој друг го имал истиот проблем.
Ја има ли оваа маскара кај нас и дали некоја од вас ја има користено? Четкичката ми изгледа прилично практично и од рецензиите што ги гледав трепките ги прави WooW. http://www.superdrug.com/medias/sys_master/side/zoom/8879918907422.jpg
Не знам што да ти кажам, не ми е доволно долго тестирана Досега не забележав да се рони, ама ja имам само неколку дена, не знам како ке се однесува кога ке се засуши малку или на потопло време.
Ја земав оваа на Мејбилин и искрено за цената и имиџот кој го држат очекував нешто повеќе.. Имам природни долги трепки, барав нешто за повеќе густина. Пред некое време ја земав набрзина една од Golden rose Essential (на втората слика) и кога ја нанесов ептен не видов разлика со оваа на Мејбилин па ги ставив едната на едното око, другата на другото чисто да видам дали сум се излажала, и сепак не. Не видов апсолутна никаква разлика измеѓу двете, само што цената на Мејбилин и е 500 и нешто денари а оваа на Голден роуз не беше повеќе од 150. Двете даваат должина па ако некој сака должина слободно нека си ја земи оваа втората бидејќи не вреди да се плаќа име Пред тоа ја имав Колосалот, таа нешто повеќе ми се допадна од оваа ама сепак не се ништо спектакуларно за цената што ја држат..
Скапо си ја платила, ако била на 500 денари. Во Космо е 400. Инаку остави ја 2-3 недели малку да се засуши и пробај ја пак. Ќе бидеш воодушевена
Не сум од Скопје, тука кај нас тоа беше најниската цена што успеав да ја најдам.. Се откажувам крајно од неа, тргнувам во потрага по друга и дефинитивно не од нивната марка
Јас во Анабела ја зедов 350 со попуст, не ми е отворена имам една од Боржуа. Мислам @Avery ти ме прашуваше за таа,сигурно до сега си ја пробала мене не ми се допаѓа,дава боја убаво ама ги слепува трепките. Може кај тебе не е така.
Леле јас ко некоја досадна, ама морам да прашам. Ти се разлева ли под очи оваа од Голден Роуз? Јас ја имам водоотпорната верзија и додека беше уште тазе отворена премногу се разлеваше, не можам да опишам колку многу. Откако се подзасуши е друга приказна, ама ме нервира затоа што дури и со маслен раствор се вади тешко, па ја мислам оваа верзија. Четката е прекрасна.
Нема проблем прашај Не, не ми се разлева маскарата е прилично густа во текстурата и брзо се суши на трепките и потоа да навистина тешко се вади, јас едвај ја вадам со мицеларна вода. Ако си во потрага по маскара за издолжување на трепките мислам дека ќе ти биде одлична, ама за густина не ја препорачувам. Ја имам скоро месец но не ја користам редовно, па сеуште не се исушила нити згрутчила, се на се не е лоша.
За која ми зборуваш Бубаче? За lash sensational? Не верувам дека јас сум те прашувала, затоа што ја користев пред две години За Borjous може да сум те прашала, затоа што ја земав заедно со 123 пудрата ( кога имаше понуда двете за 860 ден). Нема врска @MayDiamonds како сакаш, ама разгледај ги мислењата за маскатата во темава, сите така ја користеа ( откако ќе се засуши). Не за друго, греота е да ти остане така или да ја фрлиш, дај и шанса
Не знам дали е до мене или е до маскарата. Толку ми ги лепи трепките, како spiders legs ми изгледааат. Некој искуство со неа да ми каже ако ништо друго како да ја нанесам? Жал ми е така да ја остааам.
Баш некни ја пробував од тестер, ист беше ефектот и кај мене. Затоа не ја ни земав. Претпоставувам до маскарата е, не е до тебе Плус некако конзистенцијата и беше ептен течна.
И јас го имав истиот проблем, плус ми сметаше четката. Не знам како да маневрирам со вакви чудесии од четки! Ја подоправив некако нанесувајќи маскара по овој принцип: внимателно нанесував само на врвовите на трепките и само ги допирав - ко да ги тапкам одоздола, никако по цела должина на трепките. Чекав да се засуши па нанесував од средина на трепките кон врвовите и толку. Ако некогаш сакав подраматичен изглед, најнакрај од шминкањето лефтерно поминував низ цели трепки, ама ретко, од страв да не ги направам да изгледаат ко да се немиени три дена. Кога се подзасуши самата формула стана до некаде океј, па не ми ги слепуваше трепките воопшто, ама навистина не сум фан на ваквите четки ко вретено.
Да се надоврзам на муабетов иако сакам да спомнам друга сосема различна маскара (essence I love crazy volume) и јас имам ист проблем со тоа што ми ги прави трепките како ‘spiders legs‘ хаха.... само што ја купив и прво ми беше супер, ама почнав да ја користам еве секој ден и истото го забележувам... Се надевам дека кога ќе се подисуши ќе биде подобра.. Малку влетав јас, ама сакав да си ја споделам маката хаха