Можеш да пробаш откако ќе нанесеш маскара, да ставиш со мала четка дали камена пудра дали транслуцентна под долните трепки таму каде што ти се пресликува маскарата во текот на денот мене многу ми помага тој чекор, пробај
Јас имав таква пред милион години, знам дека уште бев средношколка и ставав 10 слоја од маскарата подесено на најдебело. Ех, времиња. Мојата имаше виолетов регулатор и мислам дека амбалажата е иста со онаа од новата (Mark) колекција. Мојата тогашна, беше многу многу солидна маскара, не се сомневам дека и оваа е нешто поразлично.
Исчешлани трепки и веѓи - полесно се нанесува црна маскара, а веѓите ги фиксира како што ќе ги исчешлаш, така остануваат, бидејќи гелот ги фиксира донекаде.
Девојки читам по форумов и баш имам мнооооогу поделени мислења. Пред околу година и пол ја користев на Maybelline Rocket Volum' Express, а пред тоа и таа една жолта. Можам да кажам дека сум вљубена и во двете. Сакам да ја пробам Lash Sensational ама гледам ептен поделени мислења. Од видеата што ги гледав, ефектот е супер, но страв ми е да не ми се слепат и мене . Имам долги и густи трепки, и обожавам драматичен изглед, а сакам и волумен. Се мислев да земам и некоја од „поедноставните“, како на Miss Sporty, ама ете навистина не знам. Исто така, малку ми се прави трепкиве, па морам да ги виткам. Давајте предлози и мислења за некоја маскара до кај 500 ден. и фала ви однапред!
@LovelyLoo таа Лаш Сензашнал ја имам пробано ама не ми се допадна. Јас имам долги и густи трепки и не ми се допадна зошто ми ги слепуваше трепките. Сега нареднава недела ке ја земам оваа на Класикс што ја поставив погоре се зачудив колку убави ги прави трепките. А чини околу 150 денари. Исто и таа Мис Спорти ја фалат.
@koritsaki Да ти кажам дека мене оваа Класикс маскара многу ми се разлева под очите. Не знам дали е до кожата, ама ја пробав секако - со фиксатор, без фиксатор, со беби пудра, со камена пудра, со безбојна маскара одоздола... Нече среча поштеног човека. Не е воопшто скапа, земи ја и сподели искуства. Ефектот за тие пари е навистина феноменален.
Оваа маскара порано беше многу подобра ама и сега не е лоша. Секогаш ја купувам. Дава волумен, ги издолжува трепките и не се рони.
Хмм значи се рони Како и да е ќе и дадам шанса, па ќе видиме ќе пишам на темава исто и таа на Мис спорти жолтата ќе ја пробам
@Mishela @koritsaki Јас би ви препорачала да ја пробате оваа маскара, Rimmel extra super lash. Порано користев маскари на Golden Rose, ама случајно ја видов оваа во Веро супермаркетот, решив да ја пробам, и мислам дека отсега нема да ја сменам. Имам природно многу долги, густи и виткани трепки, па доволен ми е само еден слој од маскарава. Лесно се нанесува, ги потемнува, згуснува и издолжува трепките, без да ги згрутчува, и не се рони. Во Веро супермаркетот ја земав за 140 ден., а во ДМ пред некој ден ја видов за 200 ден.
Рецензија на новата маскара : http://rosee96.blogspot.mk/2017/04/max-factor-curl-addict-mascara-eyebrow.html