Како си задоволна од маскарата? Јас на почетокот бев воодушевена, ама многу брзо ми се исуши и почнаа да ми се прават грутчиња. Па со влажна марамица го бришам отворот и четката еднаш-два пати неделно. Си приметила сигурно, содржи мали влакненца кои веројатно го прават проблемот со грутчињата. Ај баш пиши ми како ќе бидеш задоволна, дали само мене така брзо ми се згрутчи. Се мислев пак да ја купам затоа што навистина ми правеше волумен и ми ги издолжуваше трепкте, ама од друга страна не ми се дава 500 денари за маската што ќе ми се исуши по 3-4 недели.
Јас имам неколку страни наназад пишано за неа. Таа убаво ги прави трепките ама истото ми се случуваше и на мене. Грутчиња,се рони...од тие причини мислам дека е преценета за тие пари. Подобро купи си некоја друга, јас во меѓувреме ја зедов таа на мејбилин-розевата но сеуште ја немам тестирано.
Еве еден трик: кога ќе се засуши маскарата а не ви се фрла, ставете капки за очи. Тие малецките за една употреба се околу 10-15 денари.
Јас ја препорачувам volume million lashes - loreal, една од најдобрите кои ги имам користено, остава интензивна цна боја, не ги слепува трепките и не се рони/размачкува.
Оваа не, но ваквата црвена беше многу лоша. Од искуство, оваквите чудни четки ретко можат да ги надминат традиционалните
Девојки морам да менувам маскара, ми треба водоотпорна да е и за волумен. Препораки? П.с не сум во можност да листам назад
Ох не сум пишала, од мис спорти. Мака имам со маскарите не можам да најдам некоја за волумен и што ќе ги држи извиткани
Девојки, маскарава ја купив пред една недела и Ви ја препорачувам. Многу ми се допадна, ги издолжува трепките и многу убаво ги разделува. Што е најбитно од се, веднаш се суши откако ќе се нанесе и не се размачкува.
devojkii preporacajte mii nekoja maskara koja dava dobar volumen,sto gi izdolzuva ubavo trepkite i da ne gii lepi?
И јас се разочарав, ама ја купив колку да ми се најде додека ми стигне пакетчето од "странција". Инаку јас поминувам еден слој со Мис спорти, и веднаш со Боржоа која ми е при крај, за трепките да не ми се толку мокри и слепени и да добијам волумен. Можеби кога ќе се подзасуши ќе е подобра. Пробај и ти со некоја постара маскара со густа четкичка. Се на се, не би ја купила пак.