Колку е цената на овие маскари? И какви се? Заборавив да допишам.Повеќе сакам некоја што ќе дава поприроден изглед на трепките.
Јас ја имам втората, на Лореал и досега ми е најдобрата маскара што ја имам користено,би ја купила повторно кога ќе се потроши оваа сега што ја користам.Не се рони и не ми ги слепува трепките што е најважно,им дава и совршен волумен на моите ретки трепки.Ти ја препорачувам
Пред две недели ја нарачав Mark (белото пакување). Има малку потечна структура, но добро ги оформува трепките, издолжува и згуснува, дури и премногу. Единствено не ми се допаѓа тоа што кога ја носам чуствувам како да ми тежи, што не ми се случува со Maybeline Lush Sensational (one and only)
Ааа јас. Супер маскара,не се рони,ги издолжува трепките и им дава мал волумен само мн е течна и треба да почекаш да се исуши малку после нанесување. Многу побавно се суши во однос на трајноста.
Втората одлична е, цената и е околу 550-600ден. На попуст минатиот месец во Космото ја земав 320ден ама Хипи веријанта земав сега да ја пробам.
Дојдов тука за да ја пофалам и јас долго зборуваната жолта маскара на Мис Спорти. Прекрасна е. Со „финтата“ на Мишела ефектот е одличен. Не се слепуваат така воопшто. Цел ден ми седи, не се рони и не поцрнувам под очите како што ми се случува со маскарите на Есенс. Со 2 слоја трепките ми одат до веѓите . Во мојот град ја купив по цена од 110 денари, што многу ми се допаѓа . Многу ме потсеќа на Maybeline Lash Sensational, само што е со 300 денари поефтина .
Јас сум доселеник во Битола последниве неколку години. Не сум оригинал Битолчанка Во Битола е околу 140-150 денари секаде