@Kitty23 јас сега брзо земав кафена маскара на Мислин, XXL Volume. Задоволна сум многу, не се размачкува, стои цел ден, а се вади многу лесно со мицеларна вода. За дневен и природен изглед е одлична, ја препорачувам топло. Цената не ја памтам, но ми се чини беше околу 300 денари
@Kitty23 во Космо ја има, јас од таму ја купив, конкретно Космо Сити Мол. Мислин има и во други парфимерии, ама не сум сигурна каде се' ги држат, така да во Космо има дефинитивно.
Маскарите на Maybeline и Мax Factor сметам дека се едни од најдобрите, барем за мене. Цените на Maybeline маскарите се околу 250-450 денари а на Max Factor се доста поскапи мислам накај 700, немам проверено. Maybeline Lash Sensational маскарата ми е омилена, ги издолжува трепките и дава волумен а не ги лепи и ги витка нагоре. Од Max Factor многу ги сакам Max factor clump defy и Max Factor False Lash Effect. Од L'oreal ја имам пробано Voluminous Miss Manga Waterproof маскарата и не ми годеше многу добро бидејќи многу ми ги лепеше трепките. Други одлични опции се маскарите од Gosh. Маскарите на Essence не ми се допаѓаат бидејќи не даваат некој посебен ефект и резултат на моите трепки така да тие сметам дека се океј ако некој сака ептен природен изглед на трепките.
Rimmel scandaleyes црвената. И таа со портокалово капаче е исто добра. Цената е тука некаде, јас на попуст ги начекувам често.
Со нив досега никогаш не сум се зафркнала wonder lash златната 260 денари и infinity last во лилаково пакување 230 денари ми се омилени за моиве трепки се предобри посебно вторава имаат и нови ама ги немам пробано нека ти каже некој што знае
Обично на пакувањето пишува дека рокот на употреба по отварањето е 6 месеци. Јас мислам дека тоа е предолго како за маскара, особено затоа што ја користиме на осетлив дел како што е окото. Јас би ти рекла да ги менуваш на 3 месеци отприлика, пак ќе си видиш кога ќе почне да дава први знаци дека се подзасушила формулата. Некои маскари ми се исушиле и по месец дена од отварањето, со некои сум терала и повеќе од три месеци, како ќе ти се погоди.
Маскара менувам секој месец затоа што имам многу чувствителни очи. Шест месеци да користам иста маскара има да плачам секој ден дур ја користам. @ivanchos земи ја Great curl & volume или најновата што им е. Првата ја користам и сум презадоволна, секогаш имам една нова резерва од неа дома. А за втората продавачката во Голден Роуз ми рече дека е предобра, многу интензивна црна боја
Искуства, мислења и цена на овие маскари ако може да ми кажете Дали убаво ги разделуваат трепките затоа што преферирам раздвоени трепка по трепка
Ја имам пробано портокаловата и жолтата. Портокаловата ги одвојуваше трепките многу добро и ги издолжуваше а жолтата ми даваше повеќе волумен и приметив дека ако ставиш повеќе од еден слој малку да ги лепи трепките