Ми треба квалитетна маскара што убаво ги подига и издолжува трепките и да ги раздвојува најбитно пошто мразам залепени трепки
Досега не сум користела маскара со попрекрасен ефект - подига, издолжува, разделува - екстра е. Мене како што ми се природно долги и виткани трепките, со маскарава ми закачуваат на веѓите
Маскарава е ок, доста црна и дава повеќе должина отколку волумен. Тоа што ме воодушеви е што ми ги држи виткани трепките цел ден и изгледа исто како кога сум ја нанела. И единствена маскара што воопшто не ми се пресликала иако ми допира на капаците. Така што ако некоја бара баш водоотпорна маскара ја препорачувам. И лесно се вади со влажни марамици.
Чудно е како една иста маскара на различни трепки различно стои. Мене на пример оваа маскара не ми се допаѓа какви ми ги прави трепките. Баш денеска ставив од неа за на работа си викам побрзо да ја потрошам а и некако сува ми изгледа...или пак таква сум ја купила Инаку моите трепки не се многу долги.
Изгледа само на мене не ми успева маскарава. Штета, баш убаво паковање има . Мене ниту ми ги подига трепките ниту повеќе волумен добивам, само очите ме чешаат и солзат. Толку.
Епа не знам дали е до паковањето или до трепките Мене природно ми се густи, долги и виткани, ми допираат до веѓите, па уште кога ќе ставам маскара се како вештачки, и оваа е досега најдобрата маскара која ја имам користено. Сите предходни маскари или ми ги слепувале трепките, или ми тежеле, а со оваа добивам најприроден изглед, и воопшто не е сува. Ама, изгледа секој вреди да си земе и да проба, па да види како ќе му стои
Може и да им била стара маскарата па јас баш сум ја погодила таа. Не дека е толку лоша, туку сакав да кажам за моите трепки не беше ништо сензационална. Може и да е до трепките, а и до техниката на нанесување
Samo jas li sum edinstvena sto ne e zadovolna od miss sporty zoltata maskara? Imam dolgi trepki a site ja falevte nesto poveke da mi kazete ?
Има некој користено маскара на Аура ? Во план сум да купам но ме интересира дали се постојани и дали се наменети за осетливи очи оти во последно време ме печат кога ке ставам маскара. Ако сака некоја феминка нека ми препорача маскара за осетливи очи, но да не е многу скапа .
@Kjara15 не си единствена, и мене не ми е ништо посебно Мис Спорти, подпросечна дури би рекла. И јас имам долги трепки, и обично било каква маскара да ставам, ми се истакнуваат ептен. Оваа не прави буквално ништо, исти ми се. За некоја со кратки и ретки трепки, мислам дека би била ужасна. Веќе и ја дадов мојата на мајка ми, колку да не ја фрлам. Она не одбива ништо
Предлог маскара за некој со едвај видливи трепки? Добро да ги издолжува трепките и да дава волумен. Фала
Gosh Show Me Volume, јас ја користев по препорака на @Annath и можам да кажам дека е една од подобрите маскари кои сум ги имала.
Дали порано Bourjois имаа маскара volcano, црно шишенце со црвени или розеви букви или така нешто? На курс ја користев на модели и после ја изумив, а сега ја барам низ нет не можам да најдам нешто такво
Ја користев една портокалова од Авон ама нешто многу ја поскапеле и не ми се фрла више толку пари за неа, не ни беше нешо толку посебно. Ми треба обична маскара, од ДМ или космо ако е предлог до 200-250ден најмногу да е, битно да не ги згуснува трепките, нормално да има волумен ама природно да си изгледаат трепките, не нешо претерано и да си е водоотпорна пошо носам леќи и доста ми солзат очиве. Предлози се добредојдени
Од мис спорти жолтата. Ем е преевтина(околу 120 денари не ми текнува баш) а е ептен погодена во се. Со еден слој добиваш згуснати, нормално клепки, а со повеќе прави чуда на моите ретки и и едвај видливи клепки.