Баш тоа и барам, кај точно можам да ја најдам? и јас имам такви трепки исто и баш тоа шо го опиша ми треба, фала на инфо иначе Инаку нема врска што не е водоотпорна, битно да не се размачкува и да не се рони, ако е таква тогаш може
Не се размачкува и не се рони. Оваа маскара е онака "водеста", но убаво ги раздвојува трепките и помалку издолжува трепките. Ако ставаш 2 слоја треба да пазиш, зошто лесно можеш да ги залепиш и лошо да изгледа.
@Emotional123 не е на Буржоа, Volcano e на Менхетен Во црвено пакување е, јас порано ја користев, бев навлечена на неа еден период Убава маскара, убаво ми ги раздвојуваше трепките, ептен задоволна бев.
Ептен позитивно сум изненадена од маскарава на Есенс. Огромни ми ги прави трепките, и издолжува и дава волумен. Има иста ваква светло розева, и таа ја имам (curl&volume, нешто така се вика) и добра е и таа, ама оваа е врв. За цена не прашувајте, стално кога пазарам, пазарам за цел месец, купувам милион работи, така да стварно не памтам. Во секој случај, Есенс е, околу 200 ден плус минус. Препорачувам.
@Sexybaby86 Дали се рони под очите? Имам една маскара на Есенс многу убави ги прави трепките, ама џабе кога се рони многу и остава црно под очи, за тешкото вадење да не зборам.
@oblace1 не се рони, знаат при нанесување да паднат “трошки“, ама лесно се отстрануваат со било каква четка, само прво да се исушат. Кога е веќе нанесена, не се рони, или е тоа сведено на минимум (некоја точка тук-там). Инаку, не остава црно под очи и не се пресликува на капаци, барем кај мене не, а имам прилично масни капаци. И лесно се вади ептен, доволна е само топла вода Со оглед на цената, не можам да се пожалам навистина, сум имала други маскари што се ронеле многу повеќе, а биле поскапи, така да немам замерка
Одлично, сакав и јас да те прашам за ова, ама Облаче била побрза. Супер, ќе ја пробам и оваа од Есенс. Мене фаворит ми беше Lash Princess розевата, ама кога почна да се подзасушува толку почна и да се разлева, што мислам панда не ми беше рамна во изгледот на очите. Ко вештачки подочници, до толку беше ужасна. *** Истото се случува и со маскарата од Алверде која неодамна ја купив од ДМ на некој попуст, околу 160 мкд. Наменета е за издолжување на трепките, но целосниот ефект навистина ме изненади. Јас немам ретки трепки - напротив, густи се, природно долги и навиткани, меѓутоа многу се светли и без маскара не се познаваат воопшто. Како за инает, сум зела кафеава , не сум ни приметила во брзање, ама ми се допаѓа како за промена. Делува природно, трепките ги прави ептен убави, но изгледот е баш природен како за преку ден. Јас сакам малку побогат изглед на трепките (навика), не да изгледаат ко ножиња од пајак, меѓутоа да имаат полн волумен, а со маскарава малку тешко. Со еден слој изгледа скромно и не е за ретки трепки, во два слоја изгледа одлично. Многу ми се допаѓа четката и многу ми се допаѓа тоа што лесно се вади. Не би ја купила повторно затоа што премногу се пресликува под очите, дури и со фиксатор.
И јас ептен сум изненадена од маскарите на есенс. Ја испофалив маскарава во друга тема ама ајде и овде, совршена е за оние кои имаат мали , ретки , невидливи третки. Еве слика долу како изгледа маскарата со еден слој . Морам да напоменам дека почна да ми смета и да ме нервира тоа што почна крутки да прави и доста се исуши... Ја земав пред 1 месец и е дел од оделот leaving soon. Значи за брзо ќе ја има во нова амбалажа ( или ако веќе ја има кажете која е ) Цена 85 ден. Спојлер
И јас ја имав Лаш принцес, ама зелената. Имам просечни трепки, ниту многу густи, ни многу долги, ама маскарата ми ги прави ептен убави, но голема мана и е што се рони и кроз некое време сум како панда околу очите. Ке ја купам сепак оваа Сексибејби што ја испофали .
Оваа ми е една од најомилените маскари.. Јас имам природно долги трепки барам само повеќе густина и оваа маскара баш ми го дава тој изглед. Четката е навистина wow (досега немам сретнато маскара со толку густа четка) па еден слој ми е доволен за на двете очи (со едно брцнување) Мислам дека можи да направи дури и оние кои имаат 3 влакненца клепки што се вели да добијат густи и волуменозни. Е сега секако си има и една маана, мене премногу ми се отсликува на горниот капак кога ја нанесувам, неуредна е и треба мноооогу да се внимава ама тоа го заприметив со сите маскари дури и со оние што имаат силиконско четче без запци така да можеби на некој друг нема да му прави таков проблем. Супер лесно се вади за разлика од маскарите на Maybelline кои дури и по вадење со мицеларен раствор секогаш ми ги валкаат крпите и навлаките За цената е екстра, и се навраќам секогаш кога сум шворц па немам за некоја поскапа
За во Скопје не знам каде ја има бидејќи не сум од таму, но сигурна сум дека можеш да ја најдеш во сите парфимерии кои имаат штанд на Есенс. Цената не и е повеќе од 300 ден.