Од каде да ја набавам маскарата и колку пари? Морам такви трепки да имам И каква ти е четката Гледам на нет 2 вида четкии
@SunnyGirl2 маскарата што сите ја зборат е лево, значи розева опаковка со црни букви. Може да се најде во било која дрогерија, цената е 400 и нешто денари.
Од Golden Rose ја земав CITY STYLE mega volume & length.. За сега е супер..ги подига трепките и додатно ги извиткува..ги прави визуелно подолги плус..
Земав повеќе работи..не ја памтам баш цената..накај 110/150 денари ќе да беше..Не беше скапа. Спојлер Како по обичај ја фрлив сметката
Ја има ли некој користено маскарата на есенс, Volume stylist lash extension mascara 18h? Какво ви е искуството со неа?
@wannaBeMomma неколку страни поназад имам пишувано баш за оваа маскара, да не се повторувам. Побарај низ мислењата, јас сум презадоволна. Би ја платила и многу повеќе со оглед на ефектот кој го дава. Препорачувам
Ако веќе си ја земала жолтата и не ти дава којзнае каков ефект, земи ја и последната и комбинирај ги. Последната (од сликата) како прв слој, а жолтата како расчешлувач на трепките Со тоа ќе го добиеш максимумот од двете. Одлична околу делот со волумен и визуелно издолжување но се пресликува, а немам често таков проблем со маскарите. Можеби сега на пониски температури ќе биде различна (ја зедов уште кога излезе во август). Ќе ја пробам повторно и ако има некој што сака да знае, ќе пишам повторно.
Конечно и јас да ја купам маскарата што многу ја фалат. Се надевам нема да ме разочара инаку читав коментари дека некои феминки не можеле да ја најдат. Јас ја земав во Космо Сити мол 181 ден.
Едит маскарата била 136 ден сега видов на фискалната а на полицата видов цена 181 ден ама може било за друга маскара.
Морам да и' речам едно огромно благодарам на @Salome. Јас конечно ја купив маскарата од Eveline (Big Volume Explosion) и ја „тестирав“ вчера и денес по ужасното време. Многу добра маскара. Има огромна пластична четка која многу ме потсеќа на Rocket Volume на Maybelline. Истата форма - како издолжено кивано со милион боцки. Користам слична техника на нанесување како кај маскарата на Miss Sporty и со два слоја се добива одличен волумен. Јас навистина се изненадив и не очекував така убав ефект. Убаво ги витка трепките, одлично разделува и дава многу длабока, интензивна црна боја. Не се сеќавам на точната цена, ама 200 или 220 денари ја купив од Космо.
Фала за инфо, немав поим дека држат само препаратива. Дека најчесто во ДМ пазарувам, па реков да ја пробам. Ах тоа Космо, ниедно немам во близина, онака по пат да влезам.
@Annath Евелин имаа и нивна продавница некаде на ул. Македонија, сега ми текна, ама не знам дали уште постои. Мада би требало, некаде пред 2 год. мислам се отвори Ако ти е случајно успат, да знаеш
Ништо не ми е успат, иако во Центар работам. Од дома на работа, од работа дома, едино од работа да фатам штрафта порано
Еве некои маскари кои сум ги користела и ви ги препорачувам да ги пробате: Сите даваат одличен изглед на трепките, волумен и густина. Во последно време ја користам маскарата од Miss Sporty од последната слика.
Веќе ти одговориле. Вреди да се купи, многу добро ги витка, ги подига и им дава одличен волумен на трепките. И најважното за мене - не се пресликува ниту на влажно време. Мислам дека ќе ти се допадне Анат. Пиши ако ја земеш.