Маскарата која ја користам јас е golden rose essential high definition односно првата на сликата. Задоволна сум како ги згуснува и поткрева трепките, но после некое време се прават црни грутчиња и како да се губи целиот ефект на маскарата. Се мислам дали да ја пробам lash sensation од maybeline. Доколку имате некој предлог кажете ми.
Пробаја Maybeline Push up Angel. Ептен се изненадив колку убаво ги прави трепките. Можам да кажам дека е скоро како Sumptuous Extreme на Estée Lauder маскарата.
Има предлози. Имаш мислења на едно 200 страни наназад. Башка што веќе кога не сакаш да листаш, пиши каква маскара ти треба.
После Мејбилин розевата се наканив да ја купам златната на Голден Роуз. Воопшто не ги жалам парите како што ги жалам на wet'n'wild мега протеин маскарата. Иако долго ја фалевте по темите не сум се наканила да ја земам се до Блек Фрајдеј. Да се вратам на темата. Прво имам мали трепки и си барам волуменозна маскара,да не се рони и да не прави груткиња. Четкичката и е густа, значи не е чешел четка како Мејбилин розевата. Иако и мејбилин ќе ми ги сплеткаше некогаш трепките ама ги чешлав сама одпосле со уште еден слој, и оваа маскара малку сплеткува но тоа се средува. Да ви кажам дека можам да ги ставам во ист ќош, предобра е. Трајна додека не ја избришеш и не се рони. Со еден слој имате убави трепки, со два слоја позабележителни, со три уште позабележителни. Мислам дека ќе ја ставам на список на добри маскари. Сега не знам дали ќе се исуши брзо. Ако биде така тоа ќе е мана, но нема да ме спречи да не ја купам повторно.
Препорачајте маскара со идентична четка како оваа (да не се размачкува под очите, и да не се прават грутки).
Добра маскара од авон? Да не ги лепи трепките и да црни убаво мм може и да ги праи погусти ххх Колку е мејбилајн маскарата?
Предлог за маскара која што не се рони и не се пресликува и барем малце што ќе ги издолжува трепките? Имам кратки и не многу густи трепки. Би издвоила околу 500 денари.
Ја купив rock n doll Essence на попуст 85 ден, чисто за проба Презадоволна сум Ги прави побујни и подолги моите кратки и ретки трепки. Има дебела четка и може ќе биде покомплицирано нанесувањето на трепките, но се навикнуваш. Провери во Еликсир парфимериите, може сеуште е 85 ден. Спојлер: споредба