Не знам за овие ги немам користено, ако бараш мало буџетна може и таа на голден роуз х4 со златно капаче да ја пробаш околу 120 денари е. Јас за сега од овие што ги набројав сум задоволна, можам да замислам на големи трепки како би изгледале, да речеме прекрасно.
Да ми кажеш цена на останатите? До кај 400 денари ми одговара да дадам, бидејќи поретко користам и долго време ги имам. Фала
Златната на голден роуз е 250. На мејбилин околу 300-350 види на страната на Космо имаат попуст. А за авон лукс не знам која цена беше одамна не сум ја купила од причина што се суши брзо. Со мејбилин розевата има акција со палета сенки е 559 ден во Дм види како ти се исплати.
Се двоумам меѓу жолтата од мис спорти и лаш сенсејшн од мејбилајн. Ако може некоја да ми каже која е подобра дали да ја земам мис спорти што е поефтина или да одвојам малку поише за мејбилајн? Инаку трепките ми се долги но спуштени, сакам убаво да ги дефинирам и подигнам нагоре, секако без грутчиња да се формираат
@sofija014 Мејбелин, дефинитивно. Ем ги витка трепките, ем дава и волумен и должина и најбитно, ќе ги држи такви додека не ја извадиш. Ефектот е лепеза трепки, секоја посебно одвоена и дефинирана, дури и оние најмалите. Особено со два слоја е прекрасна. И исто, нема шанси да се размачка иако не е водоотпорна. Мис Спорти мене не ми е апсолутно ништо посебно, не знам зошто е толку префалена. На природно долги трепки изгледа убаво, ама не е wow ефектот. Не ги витка трепките и не дава волумен, и не останува иста како кога ќе се нанесе, спласнуваат трепките по некое време. За цената би рекла дека е ок, ама ништо повеќе од тоа. Јас лично преферирам изглед каков што добивам со Мејбелин, класи над е од сите drugstore брендови, според мене.
Ми треба маскара за издолжување и згуснување на трепки. Имам кратки и нормално густи трепки. Не ми се нешто уау значи и јас да си земам на Мејбилајн? Имало некоја на Лореал исто убава...
Се извинувам што се убацувам, моментално сите шминки во ДМ и одредени брендови во Космо (вклучувајќи го Лореал) се на 25% попуст. Маскарата ја имам видено во ДМ, околу 620 денари е. Eве и review. Ептен сакам да ја пробам маскарава, но моментално имам друга што неодамна почнав да ја користам.
Предлог маскара што со попустов во Дм ми била околу 200 ден.? Ќе одам вечер пред излегување, па да не лутам. Некоја на Катрис можеби?
Намалени се речиси сите маскари од Есенс, ако некоја од нив ти фати око. Повеќето се околу 180 денари, најскапата беше 220-230 денари мислам.