Јас имам Maybelline Total Temptation и е прекрасна имам мали трепки, но оваа маскара ги издолжува и згуснува.Чини 500 денари и цената е сосема пристојна за она што го добиваш.
Таа маскара повеќе ја фалат.. Мислев дали некој има користено max factor или essence и за нив читав дека се добри
Имаат добри маскари и Есенс и Макс Фактор, да. Зависи до колку пари ти се даваат за маскара. Пиши, па ќе предложиме некои до таа цена. Мене МФ ми е прескапи, се вадат на „брендот“, ако воопшто може да се каже нешто такво за дрогериските брендови... Од Есенс има неколку што ми биле навистина супер, ептен квалитетни маскари за доста ниска цена.
Ти ја препорачувам на Golden Rose 3D розевата (има и црвена но, таа ја немам пробано). Имам пробано и скапи и ефтини од оваа сум најзадоволна, дури и многу луѓе покрај мене почнаа да ја користат од кога им ја кажав. Од Max Factor имам користено по 2 од еднаш од кои едната била за згуснување,а другата за издолжување пак сум го немала истиот ефект како од оваа. Цената и е 150-200ден.
Околу 700-800 денари е оваа. Дуругите се поскапи, знам Lash Architect ја купував околу 900, што за таква дрогериска козметика, е премногу. Многу ги поскапеа, претходно им беа по околу 600 и нешто, до 700 најмногу.
Маскари со попристапна цена што ми се одлични се овие две од Есенс и Орифлејм. Таа од Орифлејм зачудувачки добри ми ги прави трепките со оглед на изгледот на четката, само ме нервира што е водоотпорна (не знам дали има обична), ама со отстранувач на водоотпорна шминка ја вадам лесно, а таа од Есенс трае бескрајно, морав да ја сменам само од страв што ја користев долго време, а не изгледаше ни потрошена, ниту се ронеше. И многу волумен дава. Од поефтините од Авон ми се најлоши дефинитивно.
@khaleesi1 @Mishela @Glossy-girl ви ги прочитав мислењата за лореал маскарата и моја препорака за да не давате пари толку многу ист ефект го постигнувате и со Golden Rose 3D розевата (што пишав во претходниот коментар) и да заборавив да пишам дека траат цел ден.
Ја немам користено баш таа од Голден Роуз досега, а знам дека е многу евтина. Кажи ми дали се пресликува под очите? Јас го имам тој проблем со сите маскари на ГР кои сум ги пробала, сите ми се пресликуваат, па затоа ги избегнувам.
Ја добив на поклон,најдобрата маскара што сум ја користела сите ми ги приметуваат трепките и ме прашуваат што имам ставено. Би ја купила кога ќе ја потрошам
Ја користам веќе 5-6 години никакви проблеми не сум имала. До сега секогаш одма ми се има сушено и обично ставам по 2 слоја ако сакам ептен да ги истакнам трепките, нити ми се има пресликано ниту пак ронето.
Ќе биде пробана, фала ти. Само прво да ги дотрошам оние што ги натрупав изминатиов период, па ќе дојде и таа маскара на ред.
Ќе биде пробана, фала ти. Само прво да ги дотрошам оние што ги натрупав изминатиов период, па ќе дојде и таа маскара на ред.
Незнам стварно.. За цената може и поскапи 1000-над 1000, не користам многу често па затоа и ке ми трае повеќе време.. А за тие на МФ можеби само името им е излезено немам користено но ми ги имаат фалено па затоа прашувам А ти имаш мали трепки како моите или гооеми? Od golden rose една од другарка имав пробано во црно пакетче мислам дека беше и не ми се допадна па не помислив на нив повеќе
@Cvekence789 тргнав прегеска да ти одговорам, ама скроз се занесов и заборавив да допишам, па еве дури не сум заборавила пак. Види ја 2000 calorie од Макс Фактор. Цената околу 400-500 денари, мислам дека во ДМ беше на попуст околу 300 денари. До душа, често е на попуст и во Шатци и во Космо, па провери за секој случај на нивните профили на фб или Инстаграм. Мене ми е најубава нивна маскара, со реална цена. Точно дека не е како што беше порано, но стандардната онаа најобичната верзија со обична четкичка си е класика. Убава е и за мали трепки. Јас секој ден сум со маскара, па цената ми е и те како битна зашто брзо ги трошам, па не ми се исплати да дадам 800 денари искрено. Ама многу убав впечаток ми остави Voluptous false lash effect, исто од МФ. Мислам дека е поскапа, ама стварно добра маскара. И дефинитивно со најчудната четка што некогаш сум ја употребувала. Ама ми се допадна многу. Можеш да провериш дали ја има кај нас, не се сеќавам да сум ја видела по флаери, а се си мислам дека ја имаше во ДМ ама не сум сигурна, не ме фаќајте за збор.
Моментално во ДМ е на попуст 599ден е. Ја начекав и јас кога првиот пат беше на попуст. Јас мислам дека вреди за парите. Да искоментирам и за Макс Фактор маскарите: сите што сум ги користела биле со течна формула, која не се згуснува ни кога е при крај. Така да, може не се соодветни за мали трепки. Барем според мене