Ја користам оваа маскара од Есенс и воопшто не сум задоволна. Единствена причина што не ми се допаѓа е тоа што едвај можам да ја извадам од трепките. Со оглед на тоа што е водоотпорна трајна е, не се рони. Но, исто така недостаток и е и тоа што ги лепи трепките. Позитивна страна е тоа што ги издолжува, а јас имам минујатурни трепки. Сепак, не би ја купила повторно. Ако може да ми препорачте некоја друга маскара од Есенс или друга фирма до кај 250 денари. Благодарам
Би ти ја препорачала lash princess зелената на Есенс. Откако ќе ги извиткам трепките и ќе ја нанесам, можам од сабајле до ечер да ја носам и да изгледа исто. Ги раздвојува трепките и дава должина, но не многу волумен. И е доста црна како што сакам.
@Elence93 Дали таа маскара на esssence ги држи трепките извиткани? Многу скапи маскари имам користено и иако имам природно солидно извиткани трепки маскарите буквално ми ги спуштаа и исправаа трепките. Ради тоа прибегнав кон водоотпорни маскари. И сега си барам нова. Се што барам е да ги извиткува и издолжува трепките до максимум. И која е цената?
Јас секогаш прво ги виткам со виткач и после ми остануваат такви. Цената е околу 210 ден. Инаку баш за виткање е добра на Римел curling нешто беше, црвена. Таа ја купив на попуст, мислам редовната цена и е околу 350 ден.
Јас ја порачав од Орифламе од последниот каталог и сега ми стигна пред некој ден и презадоволна сум, дури и кога ќе ја избришам трепките уште кренати ми стојат.
Би ти ги препорачала Мејбилин розевата и Голден роуз златната. Мејбилин е околу 300-400 некаде, а Голден Роуз е 250 денари. И двете се според мене феноменални маскари кои често ги купувам и не планирам да ги сменам. Имам мали трепки па ми ги издолжуваат и даваат волумен до веѓи. Но се зависи од должината на твоите трепки, некогаш употребувам виткач па маскара ако сакам да ми ги извитка и малку повеќе од вообичаено поткрене нагоре. Можеш да ги пробаш овие две маскари. Потполно се сложувам со тебе, јас ја купував порано уште додека беше во црно пакување и бев презадоволна. а имаше смешна цена и секогаш ја ставаа на акција. Сега гледам дека и го смениле пакувањеето, но четката е иста.
@buba4e89 Дали може да ми ставиш слика на која розева маскара на мејбилин мислиш? Инаку долги трепки имам природно и малку ми треба да ми се издолжат ама сакам екстремно да ги потенцирам, да ги поткренам и издолжам. Баш сакав да земам на Мејбилин, одамна ги немам користено.
Нема најдобра, има само таква што тебе ти одговара и ќе ти се погоди. Може некогаш обична од авон, орифлем, малена, голден роуз да е многу подобра од некоја на лореал, мејбалајн, макс фактор. Ако сакаш волумен - big shot од мејбалајн, мене искрено за 360 денари ептен ми се погоди, долготрајна е и лесно се брише.
Зависно од твоите трепки и како си спретна да нанесеш маскара. Од сите маскари кои ги имам пробано само неколку можам да ти набројам. 1. Luxe маскарa од авон 2. The one од орифлеим 3. Golden roses златната 4. Мејбилин розевата - lash sensational
Девојки која од маскарите мејбилајн лаш сензејшн е најдобра? Користев една розова од тие ама видов дека има две розеви.
Позитивни критики за маскарата на Essence - All eyes on me. Со години ја користам на Max Factor 2000 calorie, случајно ја земав оваа и ме изненади. Имам прави, светли трепки, користам виткач за трепки, така што ми требаше нешто само за дефинирање. Фино ги расчешлува трепките, лесна е за манипулација, а и цената е доста интересна околу 160 денари.