Да си се пожалам дека изгледа престанаа да ја произведуваат Miss Sporty Fabulous Lash curved brush. Моментално во колекцијата имам 5 кои се неспоредливи со нејзе. Постојано купувам нови во обид да пронајдам нешто што би било приближно добро но неуспешно. Сега ми е мака што кога не си накупив залихи, не ги извадив барем четките за да ги дезинфицирам и да ги ставам на друга маскара па можеби така ќе има резултат. Нема споредба со ниту една друга зошто беше со одлични четка, формула па дури и цена.
во последниве месеци испробав неколку маскари, Iconic Diorshow Overcurl многу ми се допаѓа, трае долго, ги витка трепките и ги прави погусти и подолги и не се рони воопшто. Clinique High Impact е исто многу добра маскара, само што за раслика од Dior се вади многу полесно. И BareMinerals Lash Domination е веројатно една од најлошите маскари што ги имам пробано во животов, не ги витка и издолжува трепките, туку изледаат како слепени и спуштени, а инаку не се рони и тешко се вади, што искрено за толку скапа маскара не воопшто не вреди.
Maskarite na mybelline se najdobri sum probala i od drugi firmi ama ne bile nesto wow.Momentalno go koristam ovoj na mybelline TOTAL TEMPTATION preubav e
Снемав маскара, а не можев да ја најдам мојата два дена и ја купив Maybeline Lash Sensational по прочитани препораки овде. Плус по намалена цена. И искрено среќа што ја купив за 345ден, зошто не би ја повторила. Имам големи трепки, барам волумен и јако црна боја. Далеку е од катастрофална меѓутоа ниту волумен ниту издолжување, само расчешлани зацрнети трепки. Светито грал од маскари за мене што вреди секој денар, 4год веќе.
Да, чекам веќе втора недела да се "подзасуши", не е можно да им се допаѓа на толку, а мене не. Ама ништо, ќе и дадам друга шанса за некоја недела.
И мене Мaybelline Lash Sensational не ми е ништо посебно. Презадоволна сум од Catrice Rock Couture маскарата, дава голем волумен и ги издолжува и поткрева трепките. Редовна цена и е 275 денари а подобра е и од некои трипати поскапи што сум ги користела.
YSL - The shock Make up forever - Smoky lash mascara Dior - diorshow iconic Benefit - Roller lash Ти ги пишувам тие што сум ги користела и што ми се допаднале многу
Од high end брендови, само два фаворити имам: YSL The Shock - нешто невидено. Толкав волумен не сум добила со ниедна маскара досега. Предобра. Diorshow Iconic Overcurl - исто предобра маскара со wow ефект, вреди за парите дефинитивно. Од подостапните drugstore брендови, Maybelline Lash Sensational не ја менувам за ништо. Феноменална е. Многу ми се допаѓа и MaxFactor Masterpiece Transform, многу е слична на Maybelline, но е прилично поскапа. И двете убаво ги разделуваат трепките, даваат волумен и се добива оној лепеза ефект. Престанав да експериментирам веќе со маскари, зошто што и да купам, пак се враќам на некоја од горенаведените. Сега ги вртам само тие и нема утка, знам дека добро ќе ми изгледа маскарата и нема да губам непотребно време на тоа. А најбитен дел од шминката ми е, без маскара се осеќам „гола“
@Annath од Сефора ја купувам двапати, околу 25 евра е. Тука мислам дека ја има во Космо и Анабела, прилично сум сигурна, ама не знам колку е.
Јас никогаш не сум мислела дека ќе фалам маскара затоа што секогаш доволно ми било само да не ги лепи трепките (буквално секоја маскара убаво ми стои и скоро секогаш ме прашуваат која ја користам, а тоа до трепките е, не до маскарата) Ама чудово е феноменално ептен убаво ги разделува, не ми се слепуваат воопшто, убав волумен им дава, ги шири како лепеза, и трае и трае и трае...
@DAngel ете, оваа ја заборавив Предобра е навистина, потврдувам. Имам пишувано и за неа во темава, една од подобрите drugstore маскари, и со одлична цена
И мене ми е супер, ама ми се пресликува за разлика од другите. @Sexybaby86 фала, ќе видам. Ја гледав на Strawberrynet околу 37 долари беше. Некако не ми се купува од нашиве парфимерии.
^ Мене ми е убава таа од есенс, исто и розовата, ептен убави ги прават трепките. Ама ми се пресликуваат @Annath ме претрка со коментарот.
@Annath сега погледнав на сајтот на Сефора, вика 29 долари. Многу некако 37 Баш ако видиш или ја купиш од тука, пиши колку е. Мене ете ми се погодува кога патувам да ја земам, ама убаво е да знам дека и тука е достапна со пристојна цена
Има плус попуст 11%, така пак тука некаде би му дошло. Секако сега не ми треба, имам 4 во моментов што треба да ги потрошам. А во Бугарија има Сефора? Пошто натака ми е планот, во Грција нема да одам наскоро. Edit: има и еден сет на Strawberrynet, од маскарата и средство за отстранување шминка, тоа е околу 36 долари, минус 11% би му дошло некаде 25-6 долари. Тоа вреди. Ама не ми се ризикува козметика да нарачувам онлајн, знаејќи ја поштата кај нас.
Не знам од што зависи дали ќе се пресликува. Јас имам многу мрсни капаци. Моливчето на рака не можам со ништо да го избришам на очи и со прајмер и со сѐ и скоро секогаш ми се пресликува, а со маскарава немам мака. Секое тенџере со своето капаче, очигледно нема никогаш исто на сите да ни одговара