Не знам ни јас Не ми се нешто мрсни капаците, ама едвај 3 саати издржува маскарата, особено во лето. Со Мејбилин никогаш не сум имала таков проблем, па дури и ГР.
Оваа на YSL The shock , јас ја земав 25 евра од Сефора во Грција често може да се најде на 25% попуст.
Како што забележував само јас сум ја купила погрешната од двеве вакви маскари. Сега гледам дека не сум единствена Од розевата излегува премногу и е пренатрупана па кога ставам на трепките, исто како да сум намачкала со било што, а не со четката од маскарата. Мислам дека ако обрачот беше поситен - ќе беше подобро. Инаку да, се пресликува, а до сега сум немала проблем со пресликување.
Јас ја користам L'Oreal Paris Makeup Voluminous Million Lashes Mascara. На почетокот ми беше како сува и брзо се ронеше од трепки, ама сега ми е совршена. Многу добар волумен им дава на трепките.
од макс фактор калори ич не сум задоволна. во mac ми дадоа тестерче mac false lashes extreme и предобра е,дефинитиво ќе си ја земам таа следно.
Да ја пофалам Total Temptation. Ја имав купено поодамна и конечно и' дојде редот. Маскарата има интензивна црна боја и преубав мирис (содржи кокосово масло). Не се рони и дава убав волумен на трепките. Стои по 10 часа исто како што сум ја нанела на почетокот. Четката е густа (слика доле како изгледа) и на почетокот се правев лом на капаците додека да се научам како да ја нанесувам. Лесно ја остранувам со мицеларна вода без да ги тријам трепките. Мејбилин се препознатливи по добрите маскари, па ако ја земете оваа нема да погрешите.
Здраво девојкиНова сум на форумов, дали би можеле да ми препорачате добра маскара за чувствителни очи? Моментално ја користам белата од bourjois но воопшто не ми се допаѓа, не дава волумен ниту ги издолжува трепките. Фала ви!
Каква е маскарата од овој сет? Ја бива или не? Комплетот е (или ќе биде) околу 340 денари во ДМ, што не е воопшто лошо како за сетче.
За мене дефинитивно најдобрата маскара до сега, кај и да е ќе ја купам пак. Не ми ги лепи трепките и дава волумен и има убав црн пигмент за моите ретки трепки е супер. Ја купив 15€ сега за празниците се надевам ќе ја најдам поефтино
Да, за тушот чиста 5, маакарава ми прави дилеми, ама ќе се најде. Може ќе го земам, да видам прво што маскари имам на располагање за да не ги трупам само.
Здраво девојки според мене најубави две маскари се овие. Едната е на golden rose и чини 200 ден,другата е на maybelline и чини околу 350/400.И двете се идеални даваат убав волумен и убаво ги згуснуваат трепките.