И јас исто така ја употребувам на голден роуз. Ги испробав и од авон и од орифлејм скоро сите маскари но бидејки очите ми се многу чувствителни ми поцвенуваа оваа на голден роуз е многу ефтина околу 100-150 денари и по некоја случајност ми одговара на очите. и плус многу ми се допага бидејки е некако потечна. треп треп
јас користам сега од Класикс 3Д лаш дефајнед маскара (трепките изгледаат супер-ко да имам надграба ставено, и не пеше ниту боли пред оваа имам пробано и од Орифлејм, Авон, и други познати марки како што се Мај беј линеи други
дефинитивно maybeline затоа што цената им е 300 денари за сечиј џеб а стварно се преубави и не се сушат како другите. А golden rose се убави само 1 недела потоа се катастрофа. Инаку јас ја корисам жолтата од maybeline
Пред недела дена ми стаса маскарата од Орифлејм (intense lash, така некако беше) и баш сум задоволна, се постигнува подобар ефект со само едно поминување отколку со овие другиве што ги имав до сега. Четкичката е многу интересна, со пократки и подолги влакненца ( кратките издолжуваат, а подолгите ги одделуваат трепките). Баш ги издолжува, кај мене изгледаат и како вештачки, а многу малку ставам, дури и еден слој ми е доволен и најважно е што не ги лепи и не се растекува
Моментално ја користам оваа задоволна сум, убави ги прави трепките,густи и долги, и најважно не се размачкува
Јас сум разочарана од Супершокот на Авон. Или ја расипале ептен или јас се презаситив од неа ама сабајле зажалив што ставив ич не ми се допаѓа ефектот, а нова ми е маскарата тазе купена Џордани од Орифлејм ми е топ, ептен ми се допаѓа ама сепак сакам да одам на некојанова варијанта да испробам.. Ми се чини ќе ја пробам maybeline жолтата гледам доста ја фалите
а знаете за црвената,one by one,колку е у мк,јас ваму ја користам ама ја плакам 20 евра,али вреди ама ако е поевтино таму кажете каде купувате кога ќе дојдам летово да си купам
Имам многу долги кафени трепки но прави се и користам маскари од Авон во последно време и не ми ги креваат баш нагоре а тоа сакам :/ предлог маскара која ги крева трепките нагоре??
Кај нас сеуште ја нема а баш ја барав пред околу две недели за да ја пробам, па можеби до лето ќе ја донесат .
Не сум го видела постов Не се сеќавам точно, но мислам дека беше некои 200 денари, ми ја препорача продавачката бидејќи барав добра, но не скапа маскара. Ја имав претходно гледано во Јуник, беше многу поскапа.