Маскара за долги и густи трепки? Ми треба некоја со ретка четка бидејќи тие што се со густа ми ги лепат трепките..
Кога веќе имаш долги и густи тоа е преубаво можеш да земеш некоја со силиконско четче ете на пример радиант мислам дека е околу 600 или поефтини можеш на maybeline не ти треба некоја посебна затоа што како што кажуваш природно имаш многу убави
Која маскара maybelline lash sensational е најдобра. Поточно од двете розови која е подобра? Тенкс и двете се на попуст у дм и космо да знам утре која да идам да ја земам
Која маскара би ми ја препорачале за долги и убави свиткани трепки ама да не бидат многу волуменозни, да не се знае онака многу како црно од пигментот....и да не е премногу скапа ☺️
Можеш од голден роуз кога веќе имаш долги и свиткани трепки мислам дека беше во црно паковање за такви трепки многу добра и баш пред некое време друга прашуваше исто доколку имаш големи и свиткани трепки немора да даваш многу пари А да ми текна има и една тренди во розево паковање 200 и нешто и таа е добра Зависи до трепките ако имаш ептен мали прави трепки тогаш нема да ти е добра знам по мене.. Но доколку имаш така понормални трепки да речам не многу мали тогаш ке ти биде препреубава
Помеѓу Мејбалин Лаш Сенсејшанал и Дарк Меџик на Макс Фактор која еподобра? На иста цена се скоро, па ме интересира која е потрајна и повеќе одговара за густи и долги но прави трепки. @koritsaki случајно ти да не имаш искуство со Дарк Меџик маскарата? Добра е?
Essence извади нова маскара за волумен и извиткување, дали можеби ја пробала некоја девојка? Четкичката изгледа интересно
Јас ја имам користено и ич не бев задоволна.Ми се исуши за 2 недели.. И ми се ронеше.Немав волумен на трепките плус очи ќе си извадев со четката не ми беше згодно за нанесување. Моја љубов за сите времиња и препорака -> Maybelline Lash Sensational. Ја користам можда 2-3 години секој ден и само пофални зборови имам. Нити се рони, четката е совршена, пигментирана е, водоотпорна (не се рашлакува при допир со вода), лесно се отстранува. Дур ја има мислам ќе ја користам.