Девојки може да ми препорачате маскара што лесно се брише? Имам густи трепки и секоја буквално ми ги спојува после неколку часа и се утепувам дур ја ваѓам од мене. Не е битна цената.
Најдобронамерен совет е да ја фрлиш маскарата. Во тој период којзнае колку бактерии се насобрале, а се работи за сензитивен орган - око, јас не би ризикувала инфекција.
Сакам да кажам толку време дека ја употребувам таа маскара, не сум шлакната истата 2-3 години да ја користам.На 2-3 месеци ја трошам и пак од истата си купувам.
Maybelline Да образложам, и Макс Фактор не е лоша, може да се начека и за 200ден некогаш. Ама Лаш Сенз. повеќе ми ги витка трепките, повеќе ми се допаѓа поради тоа.
Ми треба препорака за маскара...Долго време ги користам овие на Мислин, но оваа последнава многу ми се размачкува под очите, бидејќи и на долните трепки ставам...И првата недела-две дури не се исушат малку маскариве се ретки. Така да не знам која да ја земам... Најдобро водоотпорна изгледа бидејќи нема да се размачкува.
Дојдов да ја исфалам, да ја префалам, презадоволна сум ја купив на намаление кај нас во ДМ, мн е евтина а дава преубав ефект, нема да ја сменам за брзо.
Јас ја користам на Голден Роуз Волум *4 со години, сум пробала и други но ниедна не ми одговара како таа...
Доколку може некој да ми препорача маскара до 800 ден најмногу. Имам долги трепки ама ми се многу ретки немаат волумен и прави ми се. Ми треба некоја маскара што ќе ми даде волумен и што ќе ми ги држи свиткани. И дали некоја од вас користи некоја база за маскара и од која е задоволна?
Јас сум многу задоволна од Lift It Up на Аура. Претходно не ни ги имав видено маскарите на Аура и постојано користев на Мејбелин, но откако стварно се разочарав од нивната последна, Total Temptation, решив да пробам на некој друг бренд. Видов дека @marama ја препорачува оваа на Аура, во моментот беше на попуст, ја купив и не зажалив Маскарата има специфична тенка четка која прееемногу ми ги издолжува и подвиткува трепките, никоја маскара не ми ги подвиткувала така досега. Дава и волумен, ама тоа изгледа чисто и фино, без грутчиња. Цената ѝ е малку висока како за Аура, мислам дека е 350-400 денари, но вреди, а може да се фати и на некој попуст.
Што мислите за luxe маскарата од Avon? Се мислам да ја порачам па ако ја има некој користено нека сподели искуство.
Дојдов и јас да ја пофалам Lift it up на Aura. Прекрасна маскара , ги витка, подигнува и издолжува трепките , четката е тенка и ги витка сите трепки лесно , без да се згрутчува или да ги слепува трепките. Јас су многу задоволна и и благодарам на @marama за предлогот Ќе ставам слика баш во соодветната тема за шминкање
И јас ја пробав Lift it up, покуса да не останам Убава е, убаво ги издолжува и подига трепките, стварно ефектот е предобар. Ама, мене ми се пресликува, особено кога имам ставено на долните трепки. Обавезно кога ќе се погледнам во огледало после работен ден имам црно под очите На горните капаци не ми се случува ова, само на долните. Затоа сега на долните трепки ставам Мејбелин, на горните Аура и немам гајле Инаку, стварно предобра маскара, првпат пробувам од Аура и пријатно сум изненадена, мада соленка е цената Не знам дали пак би ја купила само заради пресликувањето. И Lash Sensational е тука некаде во однос на цена, ама сепак ми останува број 1