Девојки ептен ми е мило што ви се допаднала маскарава. Мене сеуште ми е омилена. Може често да се најде на акција иако и на почеток кога ја препорачував кажав дека ретко купувам маскари што се поскапи ама за оваа би платила и полна цена.
Уште еден фаворит. Забележувате дека мене ми се допаѓаат овие четки кои немаат големи влакна туку имаат ситни запци. Четката ги фаќа трепките од корен, убаво ги витка, со еден слој убаво ги расчешлува и има убава интензивна боја. Во два слоја дава волумен но не се убаво расчешлани или јас немам многу трпение Не се пресликува воопшто, тестирана е повеќе од 10 часа, не се рони и многу лесно се мие. Цената е 209 денари.
Јас ја користам оваа и многу сум задоволна , дава волумен и издолжува , не се рони и лесно се мие. Плус многу ефтина Сега ја купив и новата на Лореал но не сум ја пробала уште , ќе пишам .
Два пати ја купив. За цената е одлична. Сум пробала и други од ГР но веднаш се сушеле. Немам густи трепки, ниту ги виткам а сепак убаво ги издолжува.
Која од овие две маскари е подобра? Највише сакам да ми ги подигне трепките и убаво да ги раздвојува.
И мене, од сите што сум го пробала, оваа дефинитивно ми е најдобра. Трепките како вештачки ми ги прави.
Ја пробав маскарава по препорака и се покажа доста добра. Дава 3D ефект одлична густина,ги извиткува трепките и многу јака црна боја.Има пластична четкичка со која се обфаќаат и најкратките трепки.