Предлог за маскара што не издолжува и не дава волумен, само остава црна боја на трепките и не се пресликува?
Девојки има некој трик да не ми се пресликува маскарата над окото? На ессенс ми се пресликува после час време носење, зедов сега lash sensation ама гледам и така за час-два ми се пресликува како линии над окото.
Прајмер за капаците и после сетирај или со камена пудра или со сенка...да виде што посува подлогата. Барај маскари со посува формула или пак некои маскари после некое време се сушат помалку и го немам веќе тој проблем(јас го користам Bourjois Volume 1 seconde Ultra Black секојдневно) или пак да пробаш со водоотпорна маскара.
Од Авон да видиш , јас имав една од Авон во плаво паковче мислам дека колор тренд се викаше имаше и кафеава и црна .
Имам долги трепки, но прилично прави па ми треба некоја што ќе ги извитка и ќе им даде волумен. Па ако може да ми препорачате некоја околу 300/350ден
Дојдов само да ја испофалам маскарата, феноменална е, дава одличен волумен и интензивна црна боја.... благодарам @marama за предлогот.
Ми се допаѓа многу гледајќи на дликите маскарата на Есенс што ја користи @marama планирам да ја пробам и јас станува збор за super curl volume mascara
Презадоволна сум од Max Factor 2000 Calorie Curl Addict.Да напоменам дека природно имам густи и долги трепки но единствено оваа маскара многу убаво ги издолжува,им дава волумен,ги раздвојува и што е најважно,не се пресликува на капаците ниту се рони.Имам добиено комплименти дека како вештачки ми изгледаат трепките.Цената е околу 600 денари,ама често може да ја најдете на попуст за 400 денари во Dm или Еликсир.
Маскара многу ретко почнав да ставам затоа што ми ги иритира очите и некако подобро ми е без неа, но откако се разубави времево па чудно се осеќам без неа скоро месец ипол ги користам lash boost primer и coffein serum на алверде и приметувам разлика во квалитетот и должината на трепките Е сега сакам да дадам шанса пак на некоја маскара Па да ми препорачате, не мора да е многу скапа битно ми е убаво да ми ги истакнува трепките
Јас ја купив , и многу ми се допаѓа дава волумен и издолжува , не ги слепува трепките, не се рони и лесно се вади , но сестра ми ја проба и нејзе не и се допадна така да зависи до трепките ..