@Annath маскарата на Bourjois новата ја испроба ли ? Како ти се допаѓа? сите маскари им се намалени па сакам некоја да земам
@koritsaki за прв впечаток не е лоша, само ми смета што се пресликува при нанесување. Иначе ефектот е сличен на маскарата на Есенс, Curl'n'Hold. Трепките се нагоре, ги згуснува, ама како да ги лепи. Ајде ќе и дадам шанса, ова е сепак првпат. Ова за EyeCatching маскарата во розево пакување.
Ок, уште овде и си одам. Како верен фан на Мејбилајн маскарите (мин. 5 години редовно ги користам) морав да се префрлам на некоја полајт верзија. Прво, очите ми се и онака пресуви, а второ, почнаа да ме иритираат со постојаното накачување на цената. Ај еднаш, ај двапати, ама цело време? Е нече мочи! Е, направив мал рисрч и сфатив дека уствари сите маскари се горе-доле исти, четката е важна. Па така, си најдов убава, дебела четка на Есенс и си купив супер маскара за 160-тина денари. Ја имам оваа и топло ви ја препорачувам. Плус не морам да ги тријам и иритирам дополнително очите кога ја вадам, за разлика од Мејбиланот.
Верен фан сум на Big Shot на Maybelline, ама не можев на попустот на GR да одолеам, па ја земав маскарава за 140 ден. Одлична е, подобра од очекуваното. Должина, виткање, одлична конзистенција, не е пресува, ниту превлажна, башка стварно одлично се вади со новата пена од авокадо и мед на Балеа. И најбитното - не се рони под очи. Четката е чудна, ама чуда прави. Дефинитивно би ја купила пак.
Ja користам моментално, black cherry нијансата. Презадоволна сум, оваа нијанса дава фин, природен изглед со еден слој и не иритира воопшто (имам осетливи очи).
Јас. Вчера ја купив и одма ја пробав. Ми се сфиѓа, лесна е.Ги издолжува трепките и не ми ги залепува. И многу лесно се отстранува. @Kjara15 Maybelline Lash Sensational. (360 мислам) или Maybelline Snapscara (410) во Космо. Lash Sensational ја користев со гоодини.Не се мрља, не се рони, го издолжува трепките убаво и убава е четката за нанесување. Еве од Lash Sensational. Има мала разлика, некако од Snapscarata ми се повиткани и разделени.Другава ми ги лепеше некако. Ама и бев верна со години.
Ја имам златна maybelline lash sensational користено. Убава е , ама не ги витка баш ептен и не ги издожува како што ја сакам
Редовната цена е нешто околу 160 денари? Ако е така, топ. Ќе си ја земам и јас, одамна ме интересира каква е.
Редовната 175 ден. мислам дека е. И јас одамна и' се мислев, едноставно не ми беше верно дека за тие пари квалитет ќе има.
Да и мене, особено поради тоа што ретко која маскара на Голден Роуз ми се погодила...сите ми се пресликуваат. Се надевам дека ќе ми се погоди оваа, ми се допаѓа пакувањето и сакам да видам каква е четкичката. Ќе ја пробам па ќе пишам.
Јас па не сум задоволна од Lash sensational на Мејбилајн што е. Ја земав дека тука фалена ама за таа цена очекував да е подобра. Јес да имам светли трепки и мали и со која и да е маскара не ми се нешто преистакнати ама барем од Катрис црвената ем за пола цена од оваа, па пак ја осеќав поубава, ми ги правеше разделени, а да ми личат како подолги и погусти. Ќе ја користам уште кратко оваа на Мејбилајн да не ја фрлам туку така, па пак ќе се вратам на Катрис дефинитивно.
Си ја пробала Essence lash princess (онаа со зелени букви, не розовата и волетовата)? Ако не си, побарај и на гугл слики од пред и по ставање на маскарава, ќе видиш резултати. И кај мене го има истиот ефект на вештачки трепки, должина, волумен, баш сè што сакам. Е сега, мене и природно ми се густи, долги и виткани трепките, па не можам да тврдам дали ефикасно би ги виткала, ама вреди да ја пробаш. Цена и е околу 300 денари во dm
Мене па ми се рони. МНОГУ. Барав замена за Miss Sporty жолтата, и оваа беше слична и во четчето и во цена. Многу убав ефект имав на трепките, и реков супер, конечно најдов замена за Miss Sporty. Но почна да ми се рони по околу 1 час, целата со црни точки под очи, катастрофа. Штета.. убава маскара, убава цена, амаа...
Од Мејбилајн сите маскари ме разочараа, само онаа во виолетово пакување им беше ок , но последниот пат кога ја купив и таа веќе не е тоа што беше. Трепките ми ги слепува, и некако густа на почеток, и за краток период се суши, веќе не би купила маскара од оваа марка.