Препорачајте ми некоја маскара со интензивно црна боја да ги издолжува убаво трепките и густина да дава но само да не лепи затоа што многу има што ми стојат така во фиока
Препорачајте ми некоја добра маскара пошто таа што ја имам ми ги залепува влакната едно до друго и е никаква...
Гледам дека овој месец има попуст на доста маскари во Космо па би сакала коментар за некоја од нив доколку сте користеле?
Што велите за volume million lashes од l'oreal? За парите мислев ќе ме воодушеви, плус многу ми се свиѓаат такви четчиња во последно, не сум многу suprisеd за долниве трепки...или не знам да ставам.
@Glossy-girl Мене ми е омилена маскара на сите времиња, ама не им обраќам внимание на долните трепки речиси воопшто. Не ги слепува, ми ги подига и издолжува, дава прекрасен ефект. Да не е негде на попуст?
Мојата е со целосно црно пакување, не знаев дека има 2 верзии од маскарава. Инаку ја земав на 2 јуни, моментално не знам дали е на попуст.
Јас ја користам The one black маскарата и е супер башка имам големи трепки и кога ќе ставам маскара ми се издолжуваат и се топ..
Женски, дали имате користено некоја од следниве 4 масакри на есенс и која би ми ја препорачале? Најбитно ми е да не мрда додека не се решам да ја избришам на крајот од денот, инаку мразам кога не трае и се размачкува
Еј па колку заостанат човек сум јас. Давам по 550 денари за макс фактор 2000 калории , а volume million lashes од лореал е 550 и тоа редовна цена :О Па дал је могуче. Имам гледано дека е прекрасна, па да споделите искуства за volume million lashes? Тнх
Девојки може ли некоја да ми каже од која водоотпорна маскара е задоволна? Сакам да земам па се мислам која зошто немам ниедна испробано, па да побарам ваше мислење.
ако мислиш на оваа не сум задоволна. Не дава волумен, се рони, цела сум со црно под очи после 6,7 часа.
Каде е редовна цена volume milion lashes 550? 2000 calorie ја користев пред да ја сменат амабалажата(пред 7/8год) и ми беше од омилените маскари, но откако ја сменија амбалажата ја сменија и формулата и не ми се допаѓа. Од друга страна volume million lashes 6години ја користам и нема промена.
У дм и ја видов цената 550 и беше, али не и беше на такво црвено ливче напишана како на акција.Збор два може да ми кажеш за volume million lashes?